Македонија
Младите го откриваат Дојран
Дојранското Езеро заживува и од година в година бележи враќање на туристите и некогашниот препознатлив белег. За тоа секако придонесуваат и активностите на група млади ентузијасти попознати како Beach Group
Во склопот на Beach Group, влегуваат следниве плажи „Скала“ или дојранската Градска плажа, како и веќе препознатливите охридски плажи „Корали“ и „Градиште“, на кои се нуди целодневна забава и многу разни содржини, кои престојот крај водните површини ќе ви го ислнат со активности и забава.Особено е за поздравување активноста на оваа група, се чини, во помалку подзаборавениот Дојран, каде, пак, и покрај се бележи зголемена посета на туристите, особено на малдите. Минатиот викенд Градската дојранска плажа беше забележливо преполан со гости, кои уживаа во освежувањата и атрактивните коктели кои се подготвуваат на трите шанка, покра околу тристотини капацитети за седење, оваа плажа распоалга и со 150 лежалки Од страните под секоја сенка се наоѓаше фамилија, друштво, кои уживаа во здравјето кое го нуди Дојран и Дојранското Езеро.Горештините го гонеа гостите во водата, а ретко кој остана рамнодушен на лековитата кал која ја има ова езеро. А кога се спушти вечерта, се создаде отлична атмосфера. Забележливо што и ноќниот живот се враќа во Дојран. Улиците и градското шеталиште беа преполни со туристи, секој наоѓајќи си ја својата забава. Плажата повторно заживеа во вечерните часови, повозрасните и помладите друштва одојдени од разни краеви на земјата создаваа одлична атмосферата, градот едноставно заживеа. И откако повозрасните откако по некоја чашка вино заминаа на починка, младите останаа да уживаа во сетовите на диџеите ДЈ FECKY FARRIS и ДЈ АЦЕ МИЦЕ.Beach Group ветуваат дека и следните викенди до крајот на сезоната ќе бидат исполенти со многу изненадувања и добра забава, па слободно може, за промена да си дозволите викенд во Дојран, особено за помладите кои за шармот на нашето најужно градче и езеро досега само слушаа од постарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот
Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.
Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники да се отвори Одделение за детоксикација и Клиничка токсикологија.
„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кохот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, пишува Беќаровски.
Ова се случува откако вчера на прес-конференција заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, дека не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица кои немаат соодветно образование.
Беќаровски кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборант- барал урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.
За образованието на Иљази, лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето на јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски се обидел да комуницира со неа на англиски јазик.
Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и економската директорка бидејќи немал сознанија за прекршок.
Македонија
Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени
ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, со доумерен ветер и со снег на повисоките места.
Кога се оди со возило на планините е препорачливо да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот, велат од ЦУК.
„Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации“, се наведува во соопштението.
Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
„Во реонот на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, во повеќе наврати ќе се извршат минирања на теренот“, информираат од ЦУК.
Македонија
Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.
Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.
Парламентраните избори во земјава ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.
Изборите за шеф на државата ќе ги следат и странски новинари.
Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.