Македонија
Извршниот на ВМРО-ДПМНЕ ја побарал оставката од Цветанов
На последната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржана на 16-ти јули, претседателот на паријата Никола Груевски информирал дека анализата и наодите Антикорупциска за директорот на Управата за спречување перење пари, се издржани и се темелат на законските регулативи
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека треба да биде побарана оставка од директорот на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со случајот на Ване Цветанов, се влеи во соопштението на владејачката партија, во кое се нагласува дека таа секогаш се борела против корупцијата и прекршувањето на законите.„Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се тие кои мораат да ги почитуваат сите законски регулативи.Во тоа правило нема милост, ниту за оние кои се стари, ниту за оние кои се нови членови. Цветанов мора да се соочи со фактот дека партиската книшка не му значи ништо ако ги прекршил законите.“, се вели натаму во сооопштението лиферувано до медиумите откако претходно Цветанов писмено ја соопшти својата оставкаОд ВМРО-ДПМНЕ демантираат ги демантираат шпекуалциите дека на Цветанов му била понудена друга функција, како и дека врз него „имало било какви партиски притисоци“, што се содржеше во текстот од оставката на досегашниот директор на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам.Цветанов беше посочен од страна на Антикорупциска комисија дека овозможил нерегуларно и незаконско трошење на средства од буџетот на Република Македонија, во работењето на оваа Управа во 2008 година.Комисијата како причини за покренување на оваа иницијатива ги наведува, недобивањето согласност од Министерство за финансии за вработување на 29 лица и неприменување на одредбите од Законот за јавни набавки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.