Македонија
Петиција за смена на реисот
Распуштениот оџа Рамадан Рамадани од денеска започнува со собирање потписи за смена на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи
„Јас како член на ИВЗ изјавувам дека не се согласувам и не сум задоволен од претставувањето на Сулејман Реџепи и барам од оџите и верските авторитети на ИВЗ веднаш да преземат мерки за разрешување на Сулејман Реџепи“ стои во декларацијата, која од петок ќе им биде достапна на места низ централното градско подрачје на верниците од Скопје. За смена на поглаварот Рамадани имал поддршка од верниците од 20 џамии.Во четврток актуелното раководство на ИВЗ и официјално распуштениот оџа Рамадан Рамадани си упатија тешки обвинувања за тоа кој ја освоил позицијата со оружје. Здружението на улемаи при муфтивството на Исламската верска заедница му порача на Рамадан Рамадани да стои подалеку од расколот и насилството, особено сега пред месецот Рамазан, додека Рамaдани се подготвува за смена на поглаварот. Ако не успее легитимно најавува и протести.Рамадан Рамадани беше обвинет од ИВЗ дека шири вахабизам и му беше забрането да одржува молитви.Жестоките превирања на релација ИВЗ и приврзаниците на Рамадан Рамадани пред неколку недели прераснаа во инцидент од кој најдебелиот крај го извлекоа верниците. Наместо петочна молитва, скопскиот муфтија беше избркан со клоци и тупаници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: пет имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.