Македонија
Отворен Центар за дијабетес во битолската Клиничка болница
Битолската болница доби посебна дијабетска амбуланта во која пациентите може да ја добијат потребната терапија и конечно да се добие вистинската слика и бројка за заболените од оваа болест во Битолскиот регион
од Емилија Јовчевска, Битола
„Амбулантата во моментов располага со еден комјутер за регистрација, донирани се 60 апарати од фирмата Оne touch а компанијата Novonordisk се донатори за изградба на овој центар“, изјави д-р Олга Лозановска, стручен директор во Клиничката болница.На граѓаните заболени од дијабетес им е потребен посебен начин на лекување, па затоа за ниев е од посебна важност отворањето ваква амбуланта, каде нема да бидат третирани заедно со другите пациенти од болницата. „Благодарение на овој центар ќе се пацинетите нема да се чувствуваат болни, туку како луѓе примени во Центарот во кој ќе примаат соодветна терапија а ќе го имаат неопходниот комфор со што ќе се придонесе за да се наметно негативниот ефект врз лекувањето, токму предизвикан од ваквото чувство“, реше примариус д-р Аврам Ванковски, претседател на Сојузот на граѓани со дијабетес во Македонија. Пред извесно време пациентите болни од дијабетес беа соочени со недостиг од инсулин, па дел од нив мораа терапијата да ја примаат во Скопје. Сега, со отворањето на овој Центар, проблемот засега е надминат. „Инсулинската терапија имаше една криза која беше надмината и со ангажирање на Фондот за здравство и на Министерството за здравство, но тоа не е дефинитивно решение“, смета д-р Ванковски. Се уште не се знае точната бројка заболени од дијабетес во Битола ирегионот. Во Македонија има околу 80 илјади регистрирани заболени од ова болест. Но според Институтот за јавно здравје, се претпоставува дека 150 илјади луѓе се со ризик да добијат дијабетес во наредните години, од кои, следејќи ги светските искуства, веќе 20 илајди и не знаат дека се заболени и не примаат никаква терапија. „Бројката пациенти е во постојан пораст во светот, па и кај нас. Тоа е голем проблем и за државата, бидејќи тпотребни се големи средства за третирање на овие пациенти“, вели проф. д-р Чедомир Димитровски, директор на клиниката за ендокринологија во Скопје. За појавата на оваа болест виновни се генетските фактори, социјалните, економски и еколошките услови, како и начинот на исхрана. Поради превенција, бројката на заболени е многу битно да се знае, бидејќи болните од дијабетес имаат два пати поголема можност да добијат инфаркти, мозочни удари, а смртноста е на 4-то место во однос на другите болести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласови односно 0,90%. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на фејсбук.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.