Македонија
23-годишната девојка, која почина од Ковид-19, имала и тумор на лимфното ткиво, што било причина за смртта
Девојката на возраст од 23 години, заразена од коронавирус, починала како последица на хематолошката малигна болест. Таа се лекувала на Инфективната клиника во Скопје, но не се споделуваат детали за тоа колку време и со каква клиничка слика била примена. Од Министерството за здравство за „Макфакс“ велат дека станува збор за невакцинирана пациентка.
„Од УК за инфективни болести информираат дека станува збор за невакцинирана пациентка, со дијагноза non hockin limfom во одмината фаза од болеста и смртниот исход е последица на хематолошката малигна болест“, велат од Министерството за здравство за „Макфакс“.
Според официјалните информации, девојката имала тумор на лимфното ткиво. Како и дали состојбата се комплицирала поради коронавирусот – нема одговор.
Пациентката е една од четирите починати лица од Ковид-19, кои влегоа во денешната статистика со новите 770 заразени лица.
„Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица: од Свети Николе (23) и од Скопје (76). Лицата се починати во болнички услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од ‘Мој термин’, регистрирани се две починати лица: од Радовиш (73) и од Крива Паланка (66). Едно лице е починато во болнички, а другото во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во периодот од 20.6.2022 до 28.6.2022“, стои во денешната статистика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: пет имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.