Македонија
Еуростат: Април е најдобар период за попис
Пописот треба да обезбеди релевантни информации, треба да биде во согласност со меѓународните препораки, да биде точен и да го мери населението кое во моментот живее во земјата
Ова се главните препораки на Еуростат, европската канцеларија за статистика која ќе го набљудува пописот во Македонија. Директорот на Еуростат, Петер Еверс даде неколку препораки во врска со спорните прашања околу пописот. Околу етникумот и националната припадност тој препорачува отворено прашање, за да може жителот да го напише својот етникум и религија. Тој нагласува и зошто пописот треба да се спроведе в април, период кога ќе се спроведе пописот во Македонија и тоа зошто ќе се попишуваат населението кое моментално живее во земјата. „Речиси сите земји или кандидатки го користат моделот лице во лице и бидејќи го користат овој модел го користат терминот април 2011 година. И ние исто така ќе го организираме пописот во април 2011, тоа е најдобар период, знаеме од искуство дека кога се спроведува во април или во мај , луѓето се лесно достапни, тоа е најдобар начин да се направи едно такво испитување, една сондажа. Треба да бидете свесни дека во контекст на вообичаеното место на живеење луѓето кој што се иселеници, работат во Швајцарија , во Австрија и доколку таму се 12 месеци или имаат намера да останат 12 месеци тогаш тие ќе бидат попишани во тие земји“ вели Еверс. Колку време едно лице е отсутно и од кои причини, информации ќе треба да дадат членовите на семејството. Овој нивен исказ, Државниот завод за статистика ќе може да ја проверува веродостојноста на податоците, објаснува директорката на заводот за статистика Благица Новаковска. „Пописот треба да обезбеди релевантни информации кои се потребни на Владата но има разни заинтересирани страни за национални цели и меѓународна споредба. Затоа концептите треба да бидат во согласност со меѓународните препораки. Пописите го мерат населението што живее во земјата во моментот на пописот. Пописот мора да биде прифатен од населението. Пописот мора да биде точен. Податоците треба да бидат архивирани и добро заштитени“ вели експертот за попис Жан Мишел Дур. Вицеремиерот за рамковен договор, Абдулаким Адеми истакна дека за да се спроведе успешен попис ќе се организираат информативни кампањи. „Државниот завод за статистика и државната комисија ќе организира информативни кампањи и преку информативните и другите средства ќе обезбедат навремено и сеопфатно информирање на населението, за целите и задачите на пописот, начинот и постапките на регистрирање, како и правата и обврските кои што ги имаат граѓаните во текот на пописот. За секоја категорија ќе ги информираат граѓаните кои документи им се потребни“ рече Адеми. Европските експерти предупредија се работи за скап проект, која бара добра подготовка од институциите. Во врска со предлог-законот за попис кој е во собраниска процедура, Нова демократија бараше пописот да се спроведе во јуни, да трае цел месец и да биде набљудуван од претставници од ОБСЕ. Преставниците на власта денеска го пофалија предлог-законот. Ова е деветти по ред попис во Македонија или трети од осамостојувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски се сретна со амбасадорот на Турција: врвен приоритет е склучување билатерален договор за соработка во областа на безбедноста
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и заменик-министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција со желби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност на Министерството за внатрешни работи за што се потврдија заложбите за искрена соработка на овие теми.
Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен приоритет е склучувањето на билатералниот договор за соработка во областа на безбедноста, кој е во фаза на заемно усогласување.
Скопје
Едукативен мото-настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото-настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори ќе им бидат презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Преку дружење со претставници и членови од мото-клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење електрични превозни средства“, велат од Општина Кисела Вода.
Македонија
Ќе се основа медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени
Со усвоениот закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави пратеничката Жаклина Лазаревска.
Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и висока медицинска школа.
Како што објави Лазаревска, наставните бази на факултетот ќе бидат Клиничката болница – Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ – Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ – Охрид , Специјалната болница за нефрологија – Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.
„Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти, кои ќе станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места да студираат во своето место. Значително ќе придонесе во создавањето нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината“, изјави Лазаревска.
Како што рече, ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.