Македонија
Бранко Наумовски нов претседател на Уставниот суд
За нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија во петок е избран Бранко Наумовски, кој доаѓа на местото на досегашниот Трендафил Ивановски чиј тригодишен мандат истекува на 1-ви ноември годинава
Бранко Наумовски во петок беше избран со двотретинско мнозинство, што е услов за изборот на претседател на Уставниот суд, на тајното гласање. Мандатот на претседателот кој се избира од редовите на судиите на Уставниот суд е три години, без право на реизбор.Досегашниот прв човек Трендафил Ивановски, за судија на Уставниот суд беше избран на 7 мај 2003 г., а негов претседател е од 1 ноември 2007 г.Наумовски е роден 1951 г. во кичевско Букојчани. По дипломирањето на Правниот факултет во Скопје во 1975 г., како припрваник е вработен во Основното јавно обвинителство во Скопје, а по полагањето на правосудниот испит во 1977 г. до 1980 г. е ангажиран како стручен соработник во обвинителството.Во 1980 г. од Собранието на оштините во Скопје е избран за заменик на Основниот јавен обвинител во Скопје, која функција ја врши до 1987 г.Од 1987 до 1995 г. во два мандата од Владата на Република Македонија е именуван за помошник на Министерот за правда во Министерството за правда.Во 1995 година од Владата на Република Македонија именуван е за директор на Државниот управен инспекторат, орган во состав на министрството за правда.На 3 јули 1997 г. од Собранието е избран за Народен правобранител на Република Македонија на која функција останува се до изборот за судија на Уставниот суд на Република Македонија.За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 6-ти декември 2004 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.