Македонија
Побарано поместување линијата на Националниот парк Галичица

Охридските пратеници од власта и опозицијата бараат да се помести долната граница од Националниот парк Галичица поради реализација на одредени инфраструктурни проекти и планови во населените места на крајбрежјето кои влегуваат во строго заштитената зона на паркот.
На вчерашната седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Цветко Грозданов посочи дека границата на националниот парк на места поминува низ села, поради што подобро е строго заштитениот дел да се шири нагоре, а не кон езерскиот брег.
Пратеникот на СДСМ Томе Чингоски побара покрај јавните установи, со националниот парк да располагаат и општините на чија територија тој се протега.
На вчерашната седница Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија оцени дека Предлог – законот за прогласување на дел од планината Галичица за национален парк во прва фаза е прифатлив и може да оди на натамошна процедура.
Законот ќе овозможи донесување план за управување и просторен план за Националниот парк Галичица. крај/охридњуз/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Казнети 226 возачи во Скопје

Полицијата за еден ден казнила 226 возачи во Скопје.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, 9 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 21 казна за користење на мобилен телефон.
Изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за непочитување на брзината на движење и 71 мерка за непрописно паркирани возила.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
Во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани 20 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 274 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми. Во ковид – центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника исто така 5 во текот на вчерашниот ден.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 15 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 79 пациенти, додека во
„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 123 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, соопшти МЗ.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд, температурата до 14 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно, од пладневните часови на запад, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно. Од пладневните часови ќе има повремен дожд проследен со умерен до краткотрајно засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот