Македонија
Антикорупциска бара кривична за Бранко Црвенковски
Антикорупциска комисија ќе побара од Јавното обвинителство да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски и одговорни лица од неговиот кабинет за склучување на договор со тројца словенечки експерти
Претседателот на Антикорупциска комисија, Илми Селами во средата соопшти дека на вчерашната седница со мнозинство гласови го донела ваквиот заклучок, по разгледувањето на докуметите кои беа доставени од кабинетите на актуелниот претседател Ѓорге Иванов и поранешниот претседател Бранко Црвенковски.Антикорупционерите констатирале дека Црвенковски додека беше на функцијата претседател на држава ангажирал тојца словенечки консултати, без спроведување на постапка за јавна набавка и дека со тоа е прекршен Законот за јавни набаки, а тоа пак повлекува злоупотреба на службена должност и овластувања.„Тврдењата дека за набавка на услуги од ваков тип не се применува Законот за јавни набавки не држат вода, бидејќи законските решенија кои предвидуваат исклучоци важат само за случаи кога таквата услуга, во земјата или во странство, може да ја пружи само еден субјект. Во состојба кога во земјата или во странство има доволно консултански куќи кои пружаат ваков вид на услуги, Кабинетот на претседателот бил обврзан да распише редовна законска постапка за јавна набавка“, образложи Селами.Како што рече Селами, од доставената документација е констатирано дека ангажирањето на консултантите се вршело без утврдени критериуми за ангажманот.Тој посочи дека критериуми не биле утврдени ниту за висината на средствата кои биле потребни за исплата, како и тоа дека не постои документ со кој би се докажала оправданоста на исплатените средства.„Државната комисија за спречување на корупција не се убеди во законското и оправдано трошење на средствата и има доволно основи за сомневање дека исплатените средства во овој случај се незаконски и ненаменски потрошени, поради што се одлучи да покрене иницијатива“, рече Селами.Одлуката била донесена со четири гласа „за“ и три „против“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.