Македонија
Ивановски: Целиот предмет против мене е политички
Целиот мој предмет е политички предмет и е формиран за да се покрие лустрациониот процес.
Ова е првата реакција и оценка на претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски по одлуката на Управниот суд дека Ивановски сепак бил соработник на тајните служби. Од комисијата за лустрација не сакаат да ја коментираат одлуката бидејќи содржела класифицирани информации.
Тој најави тужба за претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев оти тврдел дека Ивановски има потпишано изјава за прифаќање на соработка со УДБА, а според него таква изјава не постоела.
„Во добар дел ми е извршена една вешта фабрикација на лице кое што не припаѓа ни на еден табор, ни на левицата, ни на десницата, разбирливо е очекувањето на тие што го избрале тоа лице, да нема спротиставување од страна на носечките политички партии и такво немаше. Јас останувам на таа оценка дека целиот мој предмет е политички. Ако лустрацијата се сведе само на мене, колку и да е тоа вистина тешко дека некој во јавноста целото тоа ќе го проголта, дека во цела Македонија, од 1944 година па до денеска имало само еден соработник на тајните служби“, рече Ивановски.
Тој не е задоволен од постапката што се водела против него во Управниот суд. Останува на ставот дека во неговиот случај се работи за политичко досие, а не за соработничко досие и дека Управниот суд не ги утврдил фактите и дека не ги зел во предвид неговите докази.
„Нема никакво соработничко досие, туку постојат елементи на политичко досие, тие за Комисијата за лустрација биле оригинали, нема ниту потпис и печат, извештаите од инспекторот се оригинали и не е битно дали се тие обични белешки, дали се дополнително, сето тоа не било битно ни за самиот Управен суд“ вели Ивановски.
Место за сомнеж околу пресудата на Управниот суд, според Ивановски постои и поради начинот на доставување на пресудата и поради тоа што Ивановски ја дознал пресудата, од телевизијата која уште вчера ја објави. Тие утрово заедно со адвокатот, Стеван Павлевски ја чекале пресудата пред Управниот суд половина час, но не им била врачена. После тоа околу 10 часот Управниот суд ја испратил пресудата до Ивановски преку специјално повластено лице.
„Јас секогаш укажував дека во Уставниот суд има притисоци, ги имало и ќе ги има, истото го сметам и за редовното судство, меѓутоа не е проблемот во постоењето на притисоците, проблемот е колку субјектите во тие институции ќе успеат да се одбранат од таквите притисоци и на тоа останувам и понатаму“, рече Ивановски.
Следната судска инстанца за него е Врховниот суд. Тој најави дека доколку и врховниот суд постапи на истиот начин како што постапил и Управниот суд и ја одбие неговата жалба, тој ќе се жали до Судот за човекови права во Стразбур. Смета дека неговите елементарни права се повредени односно неговото елементарно право на одбрана.
Ивановски е единствениот функционер, за кој што Комисијата за лустрација утврди дека бил соработник на тајните служби./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите
Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори, каде како и во 2019 година ќе се соочи со нејзиниот опонент Стево Пендаровски.
Според пребројани 99,85 отсто од гласовите, Силјановска освои 362.682 гласа, или 40,08 отсто, додека Пендаровски првиот изборен круг го завршува со 180.306 гласа, односно 19,93 отсто.
Зад нив е Бујар Османи од Европскиот фронт со освоени 120.903 гласа (13,36 отсто), потоа Максим Димириевски од ЗНАМ со 83.787 гласа (9,26 отсто), Арвен Таравари од ВРЕДИ со 83.356 гласови (9,21 отсто). Следна е Билјана Ванковска од Левица со освоени 41.172 гласа (4,55 отсто) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 0,90 отсто, односно 8.103 гласови.
Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.
Скопје
Осум скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, информира дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
· Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Максим Горки, реон Дом на градежници (општина Центар).
· Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од потрошувачите на ул.Ринхини.(општина Ѓорче Петров)
· Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од с.Визбегово, дел од с.Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.(општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево)
· Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Кавалска.(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на пат за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче.(Аеродром)
· Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 4031, село Марино.(општина Илинден)
· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од бул.Борис Трајковски (од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево).(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Сандево, Бањане, Горњане, Дел од с.Мирковци.(општина Чучер Сандево)
· Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Исаија Мажовски и Воин Драшкоци.(општина Ѓорче Петров)