Контакт

Македонија

Задолжителна зимска опрема за моторните возила и работните машини

Објавено пред

Од денеска започнува примената на законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, а која ќе биде во сила во периодот од 15 ноември до 15 март идната година, соопштуваат од МВР.МВР информира дека со членот 11 од “Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи“, прецизно е наведена зимската опрема по категоризација на возила, што возачите мораат да ја поседуваат во своите возила во наведениот период. „Согласно пропишаните норми, униформираните полициски службеници ќе наредат на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, согласно законските одредби униформираните полициски службеници може да наредат возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема“, соопштуваат од МВР./крај/со/.

Македонија

Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-85, Куманово-6, Тетово-10, Прилеп-7, Гостивар-6, Штип-3, Битола-1, Велес-4, Охрид-10, Струмица-3, Кавадарци-13, Струга-5, Кочани-2, Кичево-1, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-4, Дебар-1, Ресен-6, Радовиш-2, Делчево-1, Пробиштип-2, Богданци-2, Кратово-1, Дојран-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1731 оздравени пациенти од: Скопје-983, Куманово-57, Тетово-98, Прилеп-5, Гостивар-87, Штип-23, Битола-60, Велес-62, Охрид-25, Струмица-60, Кавадарци-36, Струга-21, Кочани-24, Кичево-28, Свети Николе-9, Гевгелија-18, Неготино-29, Дебар-6, Ресен-16, Крива Паланка-10, Радовиш-4, Берово-4, Делчево-10, Пробиштип-2, Виница-13, Валандово-7, Демир Хисар-5, Богданци-5, Македонска Каменица-12, Демир Капија-9, Пехчево-1 и Дојран-2.

Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје (90г), еден од Куманово (51г), еден од Прилеп (77г), еден од Гостивар (71г) и два пациенти од Охрид (72 и 45г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90654, бројката на оздравени пациенти е 78154, на починати е 2785, а бројот на активни случаи изнесува 9715. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39426, активни 5461
• Куманово 5109, активни 392
• Тетово 5031, активни 382
• Прилеп 4522, активни 250
• Гостивар 3576, активни 228
• Штип 3474, активни 149
• Битола 3187, активни 165
• Велес 3010, активни 257
• Охрид 2721, активни 349
• Струмица 2506, активни 302
• Кавадарци 2466, активни 336
• Струга 2174, активни 141
• Кочани 1714, активни 96
• Кичево 1694, активни 130
• Свети Николе 1066, активни 38
• Гевгелија 970, активни 101
• Неготино 953, активни 121
• Дебар 741, активни 116
• Ресен 727, активни 109
• Крива Паланка 712, активни 56
• Радовиш 685, активни 46
• Берово 575, активни 47
• Делчево 558, активни 163
• Пробиштип 499, активни 42
• Виница 482, активни 32
• Валандово 325, активни 15
• Демир Хисар 242, активни 9
• Македонски Брод 240, активни 12
• Богданци 222, активни 32
• Кратово 214, активни 17
• Крушево 200, активни 38
• Македонска Каменица 190, активни 36
• Демир Капија 182, активни 29
• Пехчево 179, активни 12
• Дојран 82, активни 6

Направените 1466 теста се преку: ИЈЗ-394, ЦЈЗ Скопје-50, Авицена-175, Биотек-199, МАНУ -93, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Систина со PCR метода -173, лабораторија Лаор –194, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-17, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -41, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 442.600 тестирања на Ковид -19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров и Османи во работна посета на Брисел

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, од утре ќе престојуваат во работна посета на Брисел, каде ќе имаат средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земјата претседавач со Советот на ЕУ.

Во рамки на посетата предвидени се средби и со претставници на институциите на ЕУ, а на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува истиот ден, планирани се и билатерални средби со повеќе министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Наумовска: Во вонредни услови на пандемија вложувме надчовечки напори да обезбедиме достапно, навремено и квалитетно образование

Објавено пред

На сите учецини, студнетни, на сите наставници и професори им го честитам одбележувањето на 24 јануари – Меѓунардониот ден на образованието. Образованието е клучна алка за градење на иднината и напредокот на целото општество. Образованието е најсилно орудие за демографските промени и јакнење на идните капацитети на нашата држава, рече Елизабета Наумовска, претседателка на Комисија за образование на СДСМ.

„ Како социјалдемократи коишто што ја предвдиме Владата во сите наши постапки и одлуки, се водевме од општиот, државен интерес и правата и интересите на учениците, на наставно-научниот кадар. Во овие вонредни услови на пандемија вложувме надчовечки напори да обезбедиме достапно, навремено и квалитетно образование и го постигнавме тоа. Министерството за образование и наука, покажа капацитет, покажа подготвеност и денес учебната година се одвива непречено и според утврдената програма.

Во изминатите години комплетно го реформиравме средното стручно образование, кое сега овозможува директно поврзуваље со стопанството, а учениците учат практични вештини директно на работно место во работните организации. Како поддршка кон ова, за прв пат по многу годино средните стручни училишта ги опремивме со модерна опрема во училишните работилници за реализација на практична настава.

Пандемијата не беше пречка да се започне уште еден суштински важен процес – реформирање на основното образование. Новата концепција нуди интердисциплинарен пристап, кој ќе им овозможи на учениците поквалитетна настава, подобро и потемелно разбирање на материјата од сите научни дисциплини. Градиме инклузивно образование, достапно за секое дете, кое вистински ги подготвува младите за иднината.

Свесни за важноста на наставниот кадар, уште во првите месеци од првиот наш мандат ги зголемивме платите во образованието. Континуирано вложуваме и во објектите во изградба на нови и реконструкција на постоечките објекти на основните и средните училишта, како и изградба и реконструкција на спортски училишни сали. Буџетот на Министерството за образование и наука за оваа година е поголем за 1,1 милијарда денари каде најголем дел од овие средства се насочени директно за подобрување на образовниот систем.

Капиталните инвестиции се проектирани на една милијарда денари, што е за два и пол пати повеќе во однос на минатата година. Со овие средства обезбедуваме поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици.

Откако претходно, за три и пол пати го зголемивме опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток, оваа година со 900 милиони денари наменети за стипендии за ученици и студенти го подобруваме и унапредуваме студентскиот и ученичкиот стандард на околу 50.000 млади лица“ порача Наумовска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Регион1 час

Гужви за вакцина во Србија – досега вакцинирани 200.000 луѓе

Во Србија од 24 декември масовно се вакцинира населението. Досега се вакцинирани речиси 200.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми. Српскиот претседател...

Регион2 часа

Во Загреб почина 11-годишно дете од коронавирус

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на...

Регион4 часа

Вучиќ: Британскиот вид на коронавирус стигна во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во телевизија Прва изјави дека британскиот вид коронавирус пристигнал во Србија и дека го донела...

Свет5 часа

(Видео) Извлечени 11 рудари по 14 дена поминати под земја

Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината. Тие две недели беа заробени 600 метри под земјата...

Регион5 часа

Куче го чекало сопственикот цела недела пред болница

Верно куче речиси една недела чекало пред болница во Турција, додека не излегол неговиот сопственик, каде се лекувал. Женката по...

Свет5 часа

Британски експерт: Вакцинираните луѓе пак можат да го шират вирусот

Луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 сепак може да го пренесат вирусот на други и треба да продолжат да ги...

Регион6 часа

Турција потпиша договор со Русија за производство на вакцината Спутник V

Рускиот фонд задолжен за производство на вакцината Спутник V (РДИФ) објави дека компанијата потпишала договор за производство на руската вакцина...

Свет6 часа

(Видео) Истрага за насилните протести во Русија, поддршка од Германија

Истражителите отворија кривична постапка по извршени незаконски активности на недозволениот собир во центарот на Москва. Покренати се постапки и поради...

Регион20 часа

Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме втори...

Топ21 час

Приведени вкупно 97 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Бројот на приведени илегалци кои работеле како градежници на градилиштата кај Стара железничка во Скопје од 50 се искачи на...

Свет22 часа

Скандал во Шпанија: Се вакцинирале војници и политичари, а не и приоритетните групи

Шпанските војници и политичари кои се вакцинирани против коронавирус, а не биле приоритетна група, се во центарот на јавен спор...

Топ23 часа

Удавен маж пронајден во водите на Пчиња, претходно бил пријавен за исчезнат

Во близина на мостот на автопатот Велес-Катланово, во водите на реката Пчиња, вчера бил пронајден починат 73-годишен маж. Според информациите...

Свет23 часа

(Видео) Над 1.600 луѓе уапсени на протестите во Москва

Во центарот на Москва денеска се собраа илјадници луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални. At least...

Македонија1 ден

Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти...

Свет1 ден

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите...

Топ1 ден

Седумдесет и седумгодишен возач во Скопје удрил во пешак и избегал

Седумдесет и седумгодишен старец со автомобил удрил во пешак и избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во...

Топ1 ден

Пронајдено оружје и муниција во куќа во Скопје

Полицијата пронајде оружје во куќа во Скопје, а сопственикот е приведен. Според информациите на МВР, вчера бил приведен З.Д(49) од...

Македонија1 ден

Во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани 20 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Свет1 ден

Повеќе од 100 припадници на Националната гарда кои беа на инаугурацијата заболени со Ковид-19

Помеѓу 100 и 200 членови на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, се позитивни...

Досие