Македонија
Пријавени повеќе од 400 дефекти во Центар

Отстранување на диви депонии, проблеми со улично осветлување, отстранување на урбаната опрема, како и санација на дупки по улиците и тротоарите се само дел од пријавите на жителите на општината Центар во склоп на проектот „Пријави дефект“.
Јовица Ацковски, портпаролот на општината вели дека најчесто проблеми се пријавувале преку смс, но имало и такви кои дефектите ги пријавувале преку нивната е-маил адреса.
„Дефекти се пријавуваат и гледаме што побрзо да ги поправиме. Најчест случај се проблеми од областа на животната средина, односно за постоечки диви депонии кои гледаме да ги исчистиме за граѓаните повеќе да не се соочуваат со ваков вид на проблем. Пријави има и за уличното осветлување, санација на дупките по улиците, тротоарите, како и отстранување на оштетена урбана опрема“, вели Ацковски.
Тој додава дека според неговите сознанија проектот е позитивно прифатен кај жителите на општината Центар, а тоа го покажува и самиот број на пријавени дефекти, кој изнесува повеќе од 400. Дефектите во уличното и парковското осветлување, комуналните проблеми и санацијата на улици во општината Центар можат да се пријават преку смс на телефонскиот број 071 282 242, како и со пополнување на формуларот на веб страната на општината./крај/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Рестораните и угостителските објекти повторно ќе работат до 21 часот

Владата на 40. седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката за работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21 јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18 часот.
Согласно овие измени, рестораните и угостителските објекти од 21 јануари ќе работат до 21 часот, после што ќе бидат затворени за посетители сите угостителски објекти и ресторани, како и угостителските објекти или делови за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објект за сместување, како и објектите со угостителска дејност на бензинските станици.
Исклучок од оваа одлука се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и рестораните или деловите за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување за лицата сместени во овие објекти.
Угостителските објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин со онлајн или телефонски нарачки и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект преку штанд или пулт со почитување на основните мерки за дезинфекција, носење маски и одржување дистанца.
Македонија
Маричиќ: Судовите сè помалку изрекуваат заводски воспитни мерки за децата во судир со законот

Министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на панел-дискусија на која се одбележа отпочнувањето на проектот финансиран од ЕУ и кофинансиран од УНИЦЕФ со наслов: „Прав(да) за деца – ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата”.
Како доказ за посветеноста на Министерството за правда за подобрување на правната рамка за правата на детето, Маричиќ го цитираше Извештајот на Европската комисија за 2020 година, каде се потврдува дека истата е во голема мера усогласена со меѓународните стандарди и дека она на што треба да се работи е нејзино спроведување во практика.
„Гледајќи на децата како ‘производ’ на околностите во кои тие растеле и се развивале, наша мисија како претставници на институциите од кои доаѓаме е да им подадеме рака на оние деца кои се во судир со законот и да им помогнеме да изградат култура на ненасилство, здрави врски и навики, да им ја вратиме самодовербата и емотивната стабилност, да им обезбедиме соодветно образование и да ги вратиме на вистинскиот пат во животот. Должни сме да го унапредуваме системот за правда за децата кој ќе им подава рака на децата и систем кој ќе гарантира правда по мерка на детето“, потенцираше Маричиќ.
Отворањето на новиот Воспитно-поправен дом – Тетово е токму таков чекор со кој се овозможуваат топли и грижливи услови за рехабилитација и ресоцијализација на децата кои се во судир со законот, смета Маричиќ, кој додаде дека се запазени сите стандарди за тоа како треба да изгледа ваков дом во кој децата имаат навистина одлични услови за учење, спортување и здравствена заштита.
Маричиќ истакна дека институциите мора да бидат подготвени да превенираат секундарна виктимизација на децата во судир со законот, имајќи ги предвид нивните минати искуства и предизвици со кои се соочувале во текот на животот. Во иднина, посебен фокус ќе се стави на континуираната едукација и јакнење на специјализацијата на субјектите во системот на правда за децата и јакнење на нивната меѓуинституционална соработка. Од досегашната примена на законот, министерот за правда истакна дека можеме да заклучиме дека во најголем број случаи, субјектите во системот на правда за децата применуваат мерки, односно санкции кои не вклучуваат лишување од слобода на децата што кореспондира со Законот за правда за деца и меѓународните стандарди.
Добра вест е и тоа што изминатите години забележан е тренд на значително намалување на изречените заводски воспитни мерки од страна на судовите, што е за поздравување и што покажува дека системот функционира во интерес на детето и дека не се применуваат најрестриктивните мерки. Статистичките податоци говорат дека во 2018 година се забележува значително намалување на изречените заводски воспитни мерки од страна на судовите, односно тие биле изречени спрема вкупно 12 деца, за разлика од 2017 година кога заводски мерки упатување во воспитна установа или во воспитно-поправен дом биле изречени спрема 53 деца.Натамошно надоградување на системот за правда за децата е дел од Акцискиот План на Министерството за правда за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за 2017-2022, а во тек на подготовка се измени на Законот за правда за децата.Законот треба да овозможи зајакнување на заштитата на децата жртви на кривичните дела, вклучувајќи мерки за рехабилитација, реинтеграција во општеството и интензивирана едукација на децата, како и усогласување со новодонесените директиви на ЕУ кои се однесуваат на процедуралните гаранции за заштита на децата кои се осомничени или обвинети.
Македонија
Ахмети му честита на Бајден и американскиот народ

„Ми претставува особено задоволство да му ги пренесам најискрените честитки на 46. претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, по повод денешната инаугурација во Вашингтон.Првично му посакувам на претседателот Бајден добро здравје и многу успех на функцијата“, се вели ви писмото коешто ги испрати лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Уверен сум дека САД под водство на Бајден ќе останат стратешки партнери на Република Северна Македонија, Албанците и целиот Балкан за време на нашиот веќе неповратен процес кон целосната интеграција во Европската Унија, но и во продлабочувањето на традиционалното пријателство со Америка. Нашата соработка е искрена и ги споделуваме истите вредности. Сите успеси ги постигнавме заедно, секој успех е заеднички.Бог да го благослови албанско-американското пријателство. Бог да го благослови американскиот народ“, се додава во честитката.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот