Македонија
Груевски и Милошоски на конференцијата на Европските народни партии во Брисел

Премиерот Груевски и министерот за надворешни работи Милошоски во вторник во Брисел ќе учествуваат на Конференцијата „Балканот во срцето на Европа”, во организација на Групата Европските народни партии (ЕНП) во Европскиот парламент и под покровителство на претседавачот на Групата, Жозеф Дол
Конференцијата се одржува непосредно по објавувањето на Пакетот за проширување на Европската комисија и во пресрет на декемврискиот Совет на ЕУ што претставува јасен сигнал за поддршка на земјите од југоисточна Европа и нивните аспирации за интеграција во ЕУ од страна на Групата на Европски народни партии во Европскиот парламент.На конференцијата ќе се разгледуваат актуелните случувања и состојби за ЕУ проширувањето, а воедно ќе се разговара и за неопходните идни чекори кои треба да бидат преземени во таа насока. Премиерот Никола Груевски на конференцијата ќе се обрати во рамки на првата сесија на темата „Нова ера за Западен Балкан: од конфликти до демократски, мирољубив и просперитетен регион“, додека министерот Антонио Милошоски ќе има обраќање во рамките на втората сесија: “Одговорностите на Европа кон Балканот“.На конференцијата ќе земат учество високи владини претставници од Хрватска, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, а свое обраќање ќе имаат и еминетни пратеници од Европскиот парламент како и еврокомесарот за проширување, Штефан Фуле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од рак на грлото на матката годишно во Македонија заболуваат околу 150 жени

По повод одбележувањето на месец јануари како месец посветен на борба против ракот на грлото на матката, Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во нашата држава на годишно ниво од овој тип рак заболуваат околу 150 жени, или 15 на 100.000 жени.
Според податоците од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, на оваа клиника во 2019 година се третирани 111 случаи на карцином на грло на матка, додека во 2020 година бројот е зголемен и изнесува вкупно 140 случаи.
Во програмата за рана детекција на малигни заболувања, предвидено е спроведување бесплатен скрининг за рано откривање на ракот на грлото на матката, со кој во период од три години се опфатени жени на возраст од 24-61 година, односно следните возразни групи: 24-35 години, 36-45 години, и 46-61 година.
Во рамки на организираниот скрининг годишно се испраќаат во просек околу 53.000 покани, а процентот нa жени кои примиле покана изнесува околу 88,3%. Од нив, околу 60% жени се тестираат со ПАП-тест или во просек годишно се прават по 24.000 ПАП-тестирања, пришто се откриваат брисеви со околу 10% епителни клеточни абнормалности во вкупно цитолошки анализираните брисеви или во просек по 2.400 брисеви годишно се со позитивни наоди.
Во 2020 година, во првите 3 квартали околу 12.000 покани се испратени од страна на гинеколозите кои се вклучени како извршители во Програмата, направени се околу 9.000 ПАП-тестови при што откриени се околу 900 брисеви со одредени клеточни абнормалности, што исто така претставува 10% од вкупно цитолошки анализираните брисеви.
„Податоците покажуваат дека се помал е бројот на жени со тешка форма на карцином, како што се плочестиот карцином суспектен за инвазија и инвазивниот плочест карцином. Токму тоа е и целта на превентивната програма на Министерството, рано и навремено откривање на ова заболување, што придонесува за намалување на стапката на смртност од ова заболување“, велат од Министерството за здравство.
Од аспект на зајакнување на превенцијата од ова заболување, во 2019 година е осовремен Календарот за имунизација со тоа што обезбедна е четиривалентна ХПВ-вакцина, со која се замени дотогаш користената двовалентна вакцина. Оваа вакцина штити од 4 опасни типови на хуман папилома вирусот. Покрај превенција од предмалигни генитални лезии, предмалигни анални лезии, канцери на грлото на матката и анални канцери, дополнително превенира и генитални брадавци.
„Во 2019 година е зголемен опфатот со вакцинација со оваа вакцина во споредба со претходните години“, велат од Министерството за здравство.
Македонија
(Видео) Костадинов: Зад саботажите на пописот стои бегалецот Груевски

Пописот е многу важна статистичка операција за планирање на натамошниот развој на земјата, економски пред сè, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Како што рече тој, по цели 20 години на институциите им требаат вистински, реални информации за состојбата и потребите на населението.
„Ние за тоа да зборуваме и работиме, за попис од којшто зависи квалитетот и ефикасноста на сите понатамошни политики – економски, образовни, здравствени, културни, социјални… Пописот е важен за врз основа на сите собрани податоци да се креираат долгорочни економски политики за развој, за стопанството, за подобри услови за живот на сите наши граѓани“, посочи партискиот портпарол.
Костадинов рече и дека со саботажите на пописот се потврдило дека Христијан Мицкоски е само послушник на насоките на Никола Груевски.
„Целиот наш народ виде, се потврди, зад блокадите, бојкотот и саботажите на пописот како статистичка операција стои побегнатиот криминалец во Будимпешта, Никола Груевски“, нагласи портпаролот на владејачката партија, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ со Груевски и Мицкосвски е против напредокот на земјата.
Според него, државата им независни институции и сега пописот е во рацете на професионалци кои ќе го спроведат согласно меѓународните стандарди.
Македонија
МВР за „Јавна соба“: Жртвите да пријават злоупотреби

„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин кој е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки“, велат од Министерството за внатрешни работи, откако беше обелоденето дека повторно е активирана групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде што се споделуваат експлицитни фотографии и видеа од девојчиња од Македонија, како и нивни телефонски броеви, без нивно знаење.
Од Министерството велат дека „Телеграм“ досега демонстрира целосна затвореност за соработка со владите на државите.
„МВР презема активности за расчитување на случајот, а ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира цеосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја. Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај“, тврдат од Министерството.
Во трите новоотворени групи на „Телеграм“ членуваат и по над 5 илјади членови – речиси сите користат прекари, а нивните телефонски броеви не можат да се видат.
Дел од членовите користат имиња на министри и бизнисмени, но невозможно е да се утврди дали истите се автентични доколку ги немате во својот именик.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот