Македонија
Јанакиески: Уставниот суд укинува европски закони
Уставниот суд со укинување на три члена од Законот за превоз на патниот сообраќај, ја враќа државата неколку чекори назад во процесот на приближување и хармонизација со европското законодавство
Ова денеска на прес конференција во Скопје го изјави македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, изразувајќи притоа сомнеж дека Уставниот суд можеби спроведува партиски одлуки.Повод за ваквата реакција на Јанакиески е укинувањето на членови од законот, кои биле донесени со цел имплементирање на европските директиви во патниот сообраќај.„Ваквата одлука може штетно да влијае врз вршењето превозна дејност затоа што членовите што се укинуваат се пропишани одредби кои претставуваат имплементација на европските директиви и истите се имплементирани во законодавствата на членките на Европската унија“, предупреди Јанакиески.Наведувајќи дека не сака да донесува никакви заклучоци, Јанакиески изјави дека последните одлуки на уставниот суд сами посебе наметнуваат одредени прашања.„Дали Уставниот суд е антиевропски и сака Македонија да не оди напред кон евроатлантските интеграции, знаејќи дека имаме обврска да го имплементираме европското законодавство“, рече Јанакиески. Тој запраша дали со одлуката се потврдуваат шпекулациите лиферувани во јавноста дека Уставниот суд е партизиран. „Јавно прашуваме дали претседателот на Уставниот суд е навистина, како што се говори во јавноста, близок со СДСМ и дали со оваа одлука се спроведуваат одлуки на СДСМ, кои не се во интерес на државата и го спречуваат евроатланското интегрирање“, рече Јанакиески. Со одлуката на Уставниот суд се укинуваат одредбите со кои беше предвидено еден транспортер оператор за вршење на дејноста да има солидна финансиска состојба и добар углед. Членовите 8-в, 8-г и 24-а кои се оценети како неуставни предвидуваа превозник во патен сообраќај за да добие лиценца за превоз да мора да докаже со потврда дека ги платил даноците и придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување за вработените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите за 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел од листата на Социјалдемократскиот сојуз и Коалицијата за европска иднина.
Маричиќ јавно се обврза дека како член на наредната Влада што ќе ја предводи СДСМ ќе продолжи да работи за пензионерите да имаат убав и достоинствен живот.
„Оваа Влада ги покачи пензиите за 50% и ветуваме дека во наредниот мандат ќе биде просечна пензија од 500 евра. Исто така се обврзуваме на зимски регрес од 3000 до 6000 денари за секој пензионер, а најмногу ќе добиваат оние со најниски пензии. Исто така ветуваме енергетски пакет од 1500 денари месечно во текот на грејната сезона за оние пензионери на кои најмногу им треба“, вети Маричиќ.
Тој нагласи дека пензионерите тоа го заслужуваат.
„Без вашата генерација и без влогот кој што го дадовте немаше да имаме држава. Токму затоа сме дожни и обрзани да работиме пензионерите да имаат мирни и спокојни пензионерски денови и мирно да ги гледаат своите деца и внуци како растат. А како растат внуците така нека растат и пензиите“, нагласи Маричиќ на средбата со тетка Верица и пензионерите од Карпош.
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, порача дека тој, СДСМ и Коалицијата за европска иднина „не се откажуваат од подобриот животен стандард за спокоен живот за пензионерите“.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, максимални температури до 18 степени
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 17 степени.
За време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Таравари од централниот митинг во Струга: Зголемување на минималната плата до 800 евра за борба против имиграцијата
Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја изрази својата заложба за борба против имиграцијата преку зголемување на минималната плата во нашата земја. Во рамките на идната влада се планира зголемување на платите и до 800 евра, со што ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за развојот на државата.
Преку грантови за технологија и иновации, Таравари рече дека владата има за цел да ги поддржи нивните креативни идеи, фокусирајќи се на развојот на земјата како атрактивна алтернатива за младите.
„Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Така како следна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра. Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите мажи и жени со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град“, рече Арбен Таравари на централниот митинг во Струга.