Контакт

Македонија

Греувски: Новиот пакет закони се револуционерна промена во судството

Објавено пред

Пакетот закони од судството што беа донесени од страна на Парламентот се од круцијално значење за подобрување на работата на судовите, оцени премиерот Никола Груевски кој за процесот на лустрацијата смета дека треба да остане во рамките на инситуциите

Како што пренесува МИА од Кичево, премиерот Никола Груевски во петокот одговарајќи на новинарски прашања, позитивно го оценил последниот пакет закони, со кои спроед него значително ќе се придонесе да се подигне квалитетот во работата на македонското судство.„Оваа недела е донесен голем пакет на судски закони кои по мое мислење се најкрупната и најреволуционерната промена во делот на судството кон подобро,  зашто внесуваат одреден ред и правила кои ќе ја подобрат работата на судството“, изјавил Груевски по пуштањето на спортската сала во Кичево.Премиерот додалдека како што ќе стапуваат во сила одредбите од пакетот закони така ќе има и поквалитетно подобрување во работата на судовите.Појавата на нови досиеја поврзани со лустрацијата за премиерот Груевски се обид да се наруши кредибилитетот на овој процес и да се оствари ситен политички пробив на партиски план.„Очигледно, постојат сили кои се плашат од овој процес на лустрација кој треба да биде институционален и се обидуваат со различни методи да го дискредитираат. Она што го видовме во минатото беа одредени фотокопии кои Комисијата за лустрација, како главно тело во државата за лустрација, откако направи длабока анализа ги прогласи за фабрикувани документи кои не се вистинити што покажа дека навистина некој се обидува да оствари не само ситен политички пробив на партиски план, туку и да го дискредитира процесот на лустрација“, нагласил Груевски за кого лустрацијата треба да остане во рамките на институциите и тие да го водат процесот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

80 милиони денари од буџетот за решавање на проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро

Објавено пред

На денешната седница на Владата се донесени дополнителни одлуки за одобрување средства од буџетот за 2021 година за решавање на проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро.

„Владата им одобри средства во износ од 40.000.000 денари на Општина Дојран за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Езеро и 40.000.000 денари на Општина Ресен за решавање на проблемот со состојбата на Преспанското Езеро“, информираат од владината прес-служба.

Прикажи повеќе...

Македонија

Националниот план за вакцинација e подготвен, се чека да пристигнат вакцините

Објавено пред

Владата на денешната редовна седница го разгледа и прифати националниот план за вакцинација против Ковид-19 во земјата и ги задолжи Министерството за здравство и другите надлежни институции да го имплементираат и да доставуваат редовни месечни извештаи за остварениот напредок.

Вакцинацијата во државата ќе се спроведува во три фази, во кои се опфатени повеќе категории граѓани.

Фазите, како што појаснуваат од Владата, ќе бидат во согласност со првичните количини на достапни вакцини и ризичните приоритетни групи за вакцинација.

Три главни групи се приоритетни, со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура.

„За спроведување на вакцинацијата, ќе се користат постојната здравствена инфраструктура и стручниот кадар, кој досега ги спроведува вакцинациите во државата. Организацијата на системот ќе биде адаптирана во согласност со условите и во моментот кога ќе има поголем број вакцини, вакцинацијата ќе се спроведува во поширок опсег со можност за вклучување повеќе вакцинални тимови и отворање пунктови“, се вели во соопштението.

Националниот план, појаснуваат од Владата, опфаќа и безбедна и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови, каде што ќе се спроведува вакцинацијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лајчак домаќин на Димитров и Османи: Напредокот на Северна Македонија е успешна приказна и пример за регионот

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, во Брисел, имаа средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Како што информираат од владината прес-служба, соговорниците биле едногласни дека Северна Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ, притоа истакнувајќи го напредокот на земјата како успешна европска приказна во регионот и пример за другите земји од Западен Балкан.

„Европската перспектива на Северна Македонија мора да продолжи, без разлика на предизвиците на овој пат. Тоа ќе биде потврда за одржувањето на политиката на проширување на агендата на ЕУ, но и дека вистинското инвестирање во реформите и во добрососедските односи значат и сигурен влог во подобра иднина за граѓаните“, било посочено на средбата.

Османи и Димитров нагласиле дека Република Северна Македонија високо ја цени улогата што од страна на ЕУ му е доделена на амбасадорот Лајчак како посредник во разговорите помеѓу Србија и Косово, како и на други прашања во регионот.

„Приближувањето на ставовите на Приштина и Белград и нормализацијата на односите меѓу двете земји ќе претставува огромен влог во стабилизацијата и европеизацијата на целиот регион“, истакнале македонските претставнци.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека...

Македонија14 часа

21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на...

Топ15 часа

Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична...

Европа15 часа

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна...

Македонија18 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет18 часа

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа18 часа

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа19 часа

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Македонија19 часа

Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен. За...

Македонија20 часа

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот...

Европа20 часа

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите. Според...

Европа21 час

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми. Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите...

Македонија21 час

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Македонија22 часа

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија22 часа

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа23 часа

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет23 часа

Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор...

Свет1 ден

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет1 ден

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија2 дена

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Досие