Контакт

Македонија

Случајот со А1 телевизија приоритет на сите собраниски комисии

Објавено пред

И покрај утврдениот дневен ред, вчерашните случувања поврзани со А1 телевизија беа приоритет на денешните собраниски комисии кои се одржуваа истовремено во законодавниот дом.

Владејачкото мнозинство и опозицијата имаа различни видувања околу овој настан.

„Вчерашните случки ми личеа на отворен театар, со актери пратеници од опозицијата, а во режија на Бранко Црвенковски. Она што А1 заборавија да го кажат дека не била во прашање телевизијата, туку фирмите кои се таму сместени“, рече Јован Гинев од ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Постојаната анкетна комисија за правата на човекот и граѓанинот.

На оваа реагираше Славица Гркова од СДСМ и според неа одговорноста се префрла на друга страна. Праша дали од нејзината партија ја пратиле полицијата да ја окупира А1 и да ги спречи новинарите да влезат на своите работни места.

Поранешниот судија во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, сугерираше дека пред да се дебатира, треба да се обезбедат повеќе информации за тоа кој ја издал наредба за интервенција на полицијата и дали тоа било според законот.

Народниот правобранител Иџет Мемети, информираше дека уште вчера била покрената постапка за разјаснување на случајот, но дека ќе им треба повеќе време од сите институции заради спецификата на институцијата Народен Правобранител.

Претседателката на комисијата Весна Бендевска апелираше да не се политизира случајот.

По барањето на опозицијата  со цел да се соберат потребните материјали од МВР, УЈП како и од  Финансиска полиција и да се испита случајот, Бендевска ја одложи расправата и сите пратеници се согласија случувањата од пред А1 телевизија да бидат ставени на посебна седница како единствена точка на дневен ред. /крај/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев се сретна со постојаната претставничка на УНДП, Сахакјан: Унапредување на соработката за развој на економијата

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, ја прими постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан, кои ја оценија досегашната соработка како плодна и успешна и разменија мислење за тековните активности и остварување трансформациски промени во креирањето на јавните политики.

На состанокот беше разговарано за тековните и за идните активности на УНДП со фокус на главните предизвици на локалниот развој и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, спроведувани од УНДП за финансирање изработка на техничка документација во области како хидротехнички проекти, системи за дистрибуција на гас, јавни објекти, бизнис и индустриски и други инфраструктурни проекти.

Се дискутира и беа истакнати поддршката и соработката на УНДП во изработката на Националната стратегија за развој на земјата, при што беше констатирано дека продолжуваат посветеноста и имплементацијата на документот „Рамка за соработка на одржлив развој на Обединетите нации“ за периодот 2021-2025 година како стратешка програмска рамка за активностите на Обединетите нации во нашата држава, во насока на постигнување на целите за одржлив развој и Агендата 2030 на ОН.

Беа поздравени меѓусебната соработка и отвореноста на Владата за унапредување на соработката, особено во проекти за побрз и одржлив развој на економијата, како и инвестирање во капитални проекти, кои го подобруваат животот на граѓаните во општините.

На средбата стана збор и за подготовката на промоција и почнување со работа на крајот на идниот месец на Лабораторијата за акцелерација, која Канцеларијата на УНДП ја основа во земјата, со цел приклучување на најбрзата и најголема светска мрежа за учење за предизвиците и целите на одржливиот развој.

Со станување членка на мрежата од 90 лаборатории, кои опфаќаат 114 земји, Северна Македонија ќе има увид во сите информации на УНДП во обезбедувањето решенија за постигнување на целите на одржливиот развој до 2030 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Наутро ќе провејува снег, преку ден сончево и студено

Објавено пред

Утре наутро ќе има услови за појава на слаб снег на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.

Во Скопје наутро со мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.

Од петок следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни ноќта кон сабота во западните делови и в недела. Претежно во источните делови од земјата утре ќе има засилен северен ветер, а в сабота ветерот ќе биде силен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во јануари, во приватната лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката „Жан Митрев“, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2. Станува збор за 46-годишен маж, кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен.

Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, прави брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година, се јавува на преглед во приватната болница „Жан Митрев“, каде што му е направен ПЦР-тест, кој е позитивен, а пациентот веднаш е хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест, кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту, пак, навел дека патувал надвор од државата.

Лабараторијата во болницата „Жан Митрев“ со посебна ПЦР-метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата што ја проследија до МЗ, сите мутации што го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај другите примероци што се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во јануари, во приватната лабораторија за генетика...

Македонија3 часа

Војниците ќе можат да изберат опремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата

Професионалните војници кои ќе навршат 45 години возраст, доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција, ќе можат...

Македонија4 часа

Нови 394 случаи на коронавирус, оздравени се 387 пациенти, а починаа 9 лицa

Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 190,...

Македонија4 часа

Две котларници на „Фагус“ од Пехчево испуштаат прашина и штетни гасови, велат од инспекторатот за животна средина

По претставка од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина вчера изврши контрола на емисиите во дрвниот комбинат „Фагус“ во Пехчево....

Македонија5 часа

МВР за „Јавна соба“: Жртвите да пријават злоупотреби

„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин кој...

Македонија5 часа

По една година одново актуелна групата „Јавна соба“ – илјадници членови споделуваат експлицитни фотографии oд девојки

Една година по обелоденувањето на скандалот „Јавна соба“ за групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде илјадници членови споделуваа експлицитни фотографии...

Македонија7 часа

Здружението на директори од основните и средните училишта со поддршка на реформите

Текот на наставата во второто полугодие и реформските процеси во образованието беше тема на разговорот со Здружението на директори од...

Македонија7 часа

Непроспиена ноќ во Маврово, почувствувани пет земјотреси

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утринава регистрира серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 50 километри југозападно...

Европа9 часа

Зaпaден Балкан на листата на шест итни приоритети на новата администрација на САД и на Германија

Западен Балкан е на списокот на заедничките надворешнополитички приоритети на новата американска администрација и на Германија, беше истакнато во телефонскиот...

Свет9 часа

Мадуро промовира капки од мајчина душица како чудотворен лек против Ковид-19

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро промовира „чудотворен лек“ за кој тврди дека лечи од Ковид-19 без несакани ефекти. Британските медиуми пренесуваат...

Свет9 часа

Бајден и Путин договорија продолжување на договорот за нуклеарното оружје

Претседателот на САД, Џо Бајден, и рускиот претседател Владимир Путин договорија продолжување на договорот околу контролата на оружјето. Тие во...

Македонија9 часа

Земјотрес во Маврово со јачина од 3,6 степени

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутринава во 7:44 часот во подрачјето на Гостивар. Според...

Свет20 часа

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека...

Македонија1 ден

21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на...

Топ1 ден

Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична...

Европа1 ден

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет1 ден

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа1 ден

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа1 ден

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Досие