Македонија
Насер Селмани од „Вест“ нов претседател на ЗНМ
Новинарот на скопскиот дневен весник Вест, Насер Селмани е новиот претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), кој во саботата е избран со мнозинство гласови од колегите на повторното Изборно собрание на ЗНМ
За Насер Селмани во вториот круг од гласањето во саботата гласаа 96 присутни од 143 делегати. Преостанатите гласови отидоа кај неговиот противкандидат Назим Рашиди од Би-Би-Си на македонски јазик. Во првиот круг од гласањето, Селмани доби 95 гласа, додека за Рашиди гласале 37 новинари а 11 ливчиња беа неважечки, што значи дека во вториот круг не успеаја да ги привлечат колегите коишто во првиот круг гласаа за другите четворица кандидати. Имено во првиот круг вкупно гласаа 231 член на Здружението на новинари на Македонија, при што беа неопходни најмалку 116 гласови за да еден кандидат биде избран уште по првиот круг, а гласовите беа распоредени: Жарко Јордановски од Фокус освои 15, Мира Костиќ од Македонско радио 34, Менде Младеновски од Битолски весник седум гласови, а Аљоша Симјаноски од МРТВ 24.„Знам дека е ова огромна одговорност да ве обединам сите и да одиме напред. во ЗНМ повеќе нема реформатори, нема востаници, туку ќе има само новинари“, изјави Селмани непосредно по изборот.Прв победата му ја честиташе неговиот противкандидат Рушиди кој изрази задоволство што е избран претседател на ЗНМ на демократски начин.Ниту ова повторено собрание не мина без скандал, откако уште на почетокот новинарите од три медиума објавија дека се повлекуваат од работата на Собранието. Редакцијата на А1 телевизија се повлече од учество во Изборното собрание на ЗНМ, а повлекувањето го образложи со неодамнешните случувања во телевизијата и полицискиот упад. Како причини за напуштањето тие ги наведоа тоа што некои медиуми инцидентот што пред две недели се случи на „Перо Наков“ бб. го користеле за медиумска пресметка. Учеството на Изборното собрание го откажаа и редакциите на весникот Вечер и телевизија Сител. Како што образложи Марјан Николовски од ТВ Сител кој го пренесе ставот на околу 40-тина новинари на овој и други медиуми кои исто така не учествуваа во гласањето, нивната причина е не реагирањето на ЗНМ поради нападот врз фоторепортерот на Вечер, при негов обид да ги фотографира лидерот на СДСМ и сопственикот на А1 телевизија, кои биле на вечера во еден скопски ресторан. На денешното Собрание кое траеше осум часа, сите кандидати презентирајќи ги своите видувања како треба да функционира ЗНМ, го нагласија достоинството на новинарот и отстранувањето на притисоците, главно, политички.
„Треба да се солидаризираме и да си помагаме меѓусебно, но истовремено ќе мора да ја повлечеме линијата под која не смееме да одиме. Да не дозволиме новинарството да ни биде заложник на мала група луѓе кои заради лични интереси ни го компромитират еснафот“, рече новиот претседателот на ЗНМ, Селмани на претставувањето на неговата кандидатура, а по објавувањето на резултати од гласањето изјави дека ќе се труди да го дружи разединетиот еснаф и да ги обедини колегите во нивните итнереси.Селмани ја наследи функцијата од досегашниот лидер на ЗНМ Роберт Поповски и асоцијацијата со 458 редовни членови ќе ја води во наредните четири години. На Собранието се гласаше и за другите тела на ЗНМ – Управен одбор, Надзорен одбор и Совет на честа. Денешното Изборно собрание на ЗНМ беше повторено откако на 20 ноември го одложи собранието за избор на нов претседател и органи на управување поради неможноста да се проверат сите нови апликации на пријавените членови на ЗНМ за да се утврди дали тие се новинари и дали имаат право на глас, како и огромната бројка на пријави на нови членови доставени последниот ден пред да се одржи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и Скопје 2014, велат од СДСМ
Ништо не е променето во ДПМНЕ, оценуваат од владејачката СДСМ.
„На митинзите на ДПМНЕ и Силјановска е истата кореографија од времето кога се носеа Хунзи и кога им се правеше пречек на скопскиот аеродром, а граѓаните Македонци се претставуваа како нивни големи наследници.
Тоа е истото време на грабежот од Скопје 2014 и историскиот инженеринг на ДПМНЕ“, додаваат од СДСМ.
Според нив, ДПМНЕ е истата режимска партија.
Со ДПМНЕ, како што велат, е можно само враќање назад во изолација и режим, во темното минато на недемократските процеси и далеку од ЕУ.
Македонија
Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање на национално единство, и запирање на сите напади кон Левица и ЗНАМ, државата е одземена од народот
„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО и континуитетот на кој се повикуваме како идеја и организација која ја славиме и која е нераскинлив дел од македонското национално движење и можеби најзначајна за македонскиот национален идентитет, туку истовремено и поради обврската и одговорноста која и вториот дел од името ја носи со себе. Долго време таа обврска и одговорност како да се одбегнуваше, некогаш занемаруваше, некогаш впрочем и попусти беа обидите да се оствари, но обиди иако неуспешни имало“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Охрид.
Тој нотираше дека сака да успее во тоа, да создаде македонско национално единство.
„Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум и запирање на сите напади кон партите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ, но и како моја обврска да пробам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога тоа и е најпотребно на државата, во моменти кога државата е одземена од народот и во рацете на неколкумина корумпирани политичари од ДУИ со неколкумина корумпирани политичари од СДСМ кои се седнати во скут кај овие од ДУИ“, рече Мицкоскит.
ПИстакна дека Македонија мора да се обединува по сите основи, за тоа да се случи мора да се почне од некаде, и нема подобар период од тоа, тој процес да започне токму сега.
„Ќе има во иднина моменти кога националното единство ќе е неопходно, исто како што ќе има моменти кога ќе се прејде на едно граѓанско единство без разлика на етничката припадност, затоа што ова, е земја на сите граѓани кои живеат во нејзе и сите ние граѓаните од различни етнички заедници сме нераскинлив дел и столб на оваа држава и на нејзината иднина“, заклучи тој.
Неговата порака е дека нема откажување од граѓаните, нема откажување од единството помеѓу сите, затоа што само така заедно сложни со силата и капацитетот на сите, сме иднината на ова земја, порача Мицкоски.
Македонија
Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите за 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел од листата на Социјалдемократскиот сојуз и Коалицијата за европска иднина.
Маричиќ јавно се обврза дека како член на наредната Влада што ќе ја предводи СДСМ ќе продолжи да работи за пензионерите да имаат убав и достоинствен живот.
„Оваа Влада ги покачи пензиите за 50% и ветуваме дека во наредниот мандат ќе биде просечна пензија од 500 евра. Исто така се обврзуваме на зимски регрес од 3000 до 6000 денари за секој пензионер, а најмногу ќе добиваат оние со најниски пензии. Исто така ветуваме енергетски пакет од 1500 денари месечно во текот на грејната сезона за оние пензионери на кои најмногу им треба“, вети Маричиќ.
Тој нагласи дека пензионерите тоа го заслужуваат.
„Без вашата генерација и без влогот кој што го дадовте немаше да имаме држава. Токму затоа сме дожни и обрзани да работиме пензионерите да имаат мирни и спокојни пензионерски денови и мирно да ги гледаат своите деца и внуци како растат. А како растат внуците така нека растат и пензиите“, нагласи Маричиќ на средбата со тетка Верица и пензионерите од Карпош.
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, порача дека тој, СДСМ и Коалицијата за европска иднина „не се откажуваат од подобриот животен стандард за спокоен живот за пензионерите“.