Македонија
Хумар: Поканата за членство во НАТО ќе стигне штом се најде прифатливо решени е за името
Пораката на лидерите на НАТО од Лисабон е дека Македонија ќе добие покана штом се најде заемно прифатливо решениие за иемти, вели високиот претставник на НАТО во Македонија Давид Хумар во интервјуто на вза Радио Слободна Европа
Членството во НАТО ќе поддржи нови странски инвестиции во државата, како што тоа беше случај со некои други релативно нови земји-членки, изјави високиот претставник на Алијансата во РМ, генерал Давид Хумар во Неделното интервју за Радио Слободна Европа. „Сепак, членството автоматски не значи и пари. Постојат и други релевантни фактори, но сепак дава добра основа за тоа, заедно со другите инфраструктурни елементи. Од друга страна, станувањето членка на Алијансата ја доведува вашата држава во позиција да седи на иста маса со многу други земји, кои припаѓаат на најмоќните организации во светот и да биде еднаква со нив. Вие ќе бидете дел од таа маса кога ќе се разговара за важни прашања и ќе може да учествувате во процесот на донесување одлуки. Тоа исто така ќе ја зајакне вашата меѓународна позиција“, истакнува генерал Давид Хумар во интервјуто за Радио слободна Европа.Според Хумар, пораката која лидерите на НАТО ја испратија на самитот во Лисабон е дека Македонија ќе ја добие поканата за членство штом се постигне заеднички прифатливо решение за спорот за името во рамките на Обединетите нации. „Но, се’ додека прашањето со името не е решено, вие треба да останете фокусирани на вашиот пат за реформи, посебно во секторот на одбраната и да продолжите не само со подобрување на овој сегмент, туку и со остатокот од системот. Ова во секој случај мора да го направите, не заради НАТО или некој друг, туку заради самите себеси. Прашањето за името е вистинското прашање во моментот, но исто така мислам дека долгорочно, важни се вашиот развој и реформите кои треба да се спроведуваат на повисоко ниво“, рече Хумар за Радио Слободна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.