Македонија
Одложено судењето за Хисен Муслиу
Се одложи првото судско рочиште за случајот во кој поранешниот разузнавач Хисен Муслиу е обвинет за фалсификување на досиејата за високи функционери на ДУИ.
Судскиот претрес се одложи по барање на неговиот адвокат Стеван Павлески. Одбраната побарала вчера да им се достават фотокопии од два извештаја и три вештачења од Управата за крим техника на МВР.
Судот до денес не им ги доставил овие документи и поради тоа судиката го одложи судењето.
Одбраната ги барала овие документи бидејќи тие биле доставени од институција, која според нив, е заинтересирана кривично да го гони Муслиу.
Освен тоа, ја побарале и наредбата на истражниот судија која била за кривично дело изнуда, а не за фалсификување.
Адвокатот Павлески побара укинување на притворот за Муслиу и поради тешката здравствена состојба на обвинетиот на судот му предложи да го земе во предвид актуелниот случај со основачот на Викиликс Џулијан Асанж, на кого му е дозволено да се брани од слобода.
Судот го отфрли ова негово барање и наредното судско рочиште го закажа за 24. декември. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.