Контакт

Македонија

Опозицијата симболично со метли побара разрешување на Канческа-Милевска

Објавено пред

Пратениците од опозицијата денеска со метли во рацете побараа разрешување на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска заради, како што велат, неодговорно и расипничко владеење и нечесно и скандалозно однесување

dobivaj vesti na viber

„Нема никаков политички и морален кредибилитет да ја извршува својата функција и затоа треба да се разреши. Го претвори Министерството за култура во царство на расипништво и криминал, во министерство за перење на пари“, рече пратеникот Игор Ивановски од СДСМ, кој ја образложи интерпелацијата поднесена од пратеничката група на неговата партија.Тој потсети на аферата „Патриотска метла“, случај кој беше отворен минатиот месец и посочи дека исчезнување и уништување тендерска документација е прв скандал од  овој тип  во земјава.„Тоа е мега афера за перење пари зашто смислено биле поништени тендери за јавни набавки за да се прават непосредни договори“, обвини  Ивановски.Според него, станува збор за криминално однесување кое предизвикува и финансиски импликации, за што, како што рече, говори и фактот дека е уништена дел од тендерската документација и за седум важечки тендери. „Во Министерството за култура свесно е уништена дел од тендерската документација за милионските тендери од „Скопје 2014“. Мотив за тоа е злоупотребата на огромните суми народни пари“, додаде Ивановски.Министерката Канческа-Милевска рече дека Ивановски клевети и ја манипулира јавноста „со груби невистини и лаги“ и дека неговите тврдења биле демантирани и од МВР.„МВР потврди дека нема никакви финансиски импликации од направениот пропуст, ниту, пак, е исчезната финансиска документација и финансиски договори со милионски суми, со кои господинот Ивановски бесправно ја манипулира македонската јавност за исчезната документација од 20 милиони евра. МВР ги потврди ставовите на Министерството за култура дека немало ниту налог, ниту решение за посочените документи да бидат уништени и ги демантираше клеветите на СДСМ за сомнителни намери“, рече министерката за култура.Таа додаде дека сите 14 предмети, не биле од времето додека таа е министер и оти не ги спровела тие постапки.Заблагодарувајќи и се на опозицијата за поднесената интерпелација, Милеска рече дека со тоа добива можност да даде отчет за досега сработеното и ги спореди инвестициите во културата од оваа Влада и во времето на СДСМ, набројувајќи ги проектите во сите сегменти и дејности на културата.„Културата за првпат зазеде важно место во една Влада. Тоа е во Владата на Никола Груевски, никогаш досега, додека вие бевте на власт, не обрнавте внимание на културата. Сега за првпат културата не е маргинализирана како што беше во времето на СДСМ“, рече Канчевска – Милеска.Собраниската расправа за интерпелацијата на министерката за култура е уште во тек и се очекува дека за истата ќе се гласа вечерва.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Објавено пред

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не дозволиме никогаш повеќе да се повторат. Ветуваа дека ќе донеле правда и мир, а ниту правда ниту мир донесоа, никогаш полошо не се живеело криминалци царуваат со градовите, а оние кои треба да се одговорни за правдата и мирот се најверни коалициони партнери на криминалците, изјави претседателот од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Кратово.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски нагласи дека законите не важат за сите подеднакво, државата му е украдена на народот и со неа управува мала тесна клика на власта која континуирано ја понижува, ограбува и срами Македонија, како и дека има цикличен артаноиден режим во Македонија.

– Шансата за сето ова да се промени ја имаме на 24 април да излеземе да го заокружиме бројот 2 да ја поддржиме идната претседателка Гордана Силјановска Давкова а потоа уште помасовно на 8 мај, Македонија не само горда, да ја направиме и повторно твоја, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека оваа власт ветуваше подобар живот и за земјоделците, за пензионерите, учениците, за здравството, но наместо тоа гледаме да нема загарантиран откуп за земјоделците, да нема учебници за учениците, пензионерите да протестираат за пензии, а во здравството видовме како се запали модуларната и луѓе загинаа, а бевме во првите 5 држави по смртност во корона пандемијата.

Мицкоски се осврна и на ДУИ за кои рече дека ги напаѓа затоа што се криминалци.

„Тие ме нарекуваат анти Албанец, не јас сум анти ДУИ криминалците. Ќе зборувам против принципот на владеење „како до сега“ како му рече Ахмети на Ковачевски. Ќе бидам против системот на владеење каде момчиња кои само што се од фамилијата Ахмети купуваат милионски имоти во центрите на градовите, тие кои се дел од тоа семејство и сватови имаат возен парк од неколку милиони евра, а народот нема леб да јаде“, нагласи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека по 8 мај владата на коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има задача сите кои ја ограбија и понижија Македонија да ги прати во затвор, доста беше од овие стотина разбојници кои ја уништија Македонија.

Говорејќи за Пендаровски, Мицкоски потсети како Пендаровски едно зборува наутро, друго на пладне, а навечер ги демантира двете, како и дека во меѓувреме ќе кажува дека Гоце Делчев бил Бугарин, дека ако не бил претседател ќе се селел од Македонија, ќе навредува дама како професорката Гордана Силјановска Давкова.

„Од друга страна имаме титан како професорката Силјановска Давкова која изминативе години ги бранеше македонските национални интереси, заслужува поддршка и историска победа на овие избори. Таа застана заедно со нас во првите редови одлучи за да се бори за Македонија за својот народ, за сите нас за достоинствена просперитетна држава со можности и шанса за секого“, истакна Мицкоски.

Тој повика „сите масовно да се обединиме на 24 април да му помогнеме на Пендаровски да ги пакува куферите, да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа на 8 мај да ја направиме Македонија и повторно горда и повторно горда и да стигнеме до 61 пратеник, да ја ослободиме Македонија од овие стотина разбојници од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Таравари: Ќе се погрижам од Уставот да се елиминира навредливата дефиниција на албанскиот јазик

Објавено пред

Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари, во едно од своите ветувања на политичката платформа, јасно наведува дека ќе се погрижи навредливата дефиниција на албанскиот јазик како „друг јазик што го зборуваат најмалку 20 %од граѓани“ да се елиминира од Уставот.

dobivaj vesti na viber

„Ќе се погрижам од Уставот да се елиминира навредливата дефиниција на албанскиот јазик како „друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните„ и албанскиот јазик, во неговото писмо, да биде службен јазик на целата територија на државата на еднакво ниво со македонскиот јазик“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачки: Во рамките на проектот „Злетовица“, изградба на шест мали и две хидроцентрали со цевководи за водоснабдување на општините Пробиштип и на Кратово

Објавено пред

Изминатите години се години кои се црно минато за нашата држава. Години кои ќе сакаме да ги заборавиме и никогаш повеќе да не ни се повторат. Години на тешки национални предавства, криминал и корупција од енормни размери, опасна економска катастрофа, јавен долг од 8,8 милијарди евра, најниски плати и пензии во Европа, а највисока инфлација во регионот и пошироко. СДС-ДУИ забегаа во секоја смисла на зборот, без никакви чувства, без никакви сопирачки, рече Драган Ковачки, носител на листата на пратеници во третата изборна единица од митингот во Кратово во рамките на предизборната кампања за парламентарни и претседателски избори.

dobivaj vesti na viber

Ковачки истакна дека иселувањето има земено загрижувачки размери, огромен дел од младите размислуваат за селење во странство и скоро да нема фамилија што нема свои блиски раселени по белиот свет, при што запраша каде се сега СДС да оставаат чевли пред Влада, како симбол за сите наши што се иселија.

„Устата им е полна со Европската Унија“, рече Ковачки и додаде, „ама во Европската Унија заминаа само тие што се иселија, сите останати сме тука во татковината, грчевито се бориме на парчето земја кое го населувале нашите татковци, дедовци и прадедовци и сакаме тука да останеме, да живееме нормално и да бидеме во друштво со европските народи“.

Ковачки посочи дека за тоа да се реализира треба работа, многу работа, многу напредок и љубов за сопствената земја за што ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и во иднина ќе работи за интересите на сите граѓани и на граѓаните од Кратово.

Пред присутните на народниот собир во Кратово, Ковачки наброја дел од проектите предвидени во предизборната програма „Платформа 1198“ кои ќе бидат реализирани во градот во наредниот четири годишен мандат.

„Во рамките на третата фаза од проектот „Злетовица“ – Предвидуваме изградба на шест мали хидроцентрали меѓу кои и две хидроцентрали со цевководи за водоснабдување на општините Пробиштип и на Кратово;

Предвидуваме заживување на проектот „Плавица“ и отворање на Рудникот за бакар, злато и сребро;

Изградба на дом за стари лица во Кратово;

Реконструкција на детска градинка Царка Андреевска;

Реконструкција на градска сала;

Регулација на речно корито и изградба на колекторски систем за уредување на дел од Манцева река и дел од Кратовска река;

Реконструкција на патиштата до селата Близанци, Куново, Мушково и Нежилово до Каврак;

Изградба на мала пречистителна станица во село Приковци;

Реконструкција на зградата на поранешна Кристалограверница и многу други проекти кои што планираме да ги реализираме во Кратово“, рече Ковачки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија9 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија10 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет11 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет11 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија12 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија12 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет12 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет12 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет12 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија22 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија22 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија22 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија24 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија1 ден

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...