Македонија
Европскиот Совет ги потврди заклучоците за Македонија од министерскиот состанок
Европскиот Совет во петокот ги потврди заклучоците од министерскиот состанок во однос на проширувањето, во кои, меѓу другото се вели дека Советот е подготвен да се наврати на прашањето за преговори со Македонија за време на следното, унгарско претседателство
„Европскиот Совет ги одобри заклучоците на министерскиот совет од 14-ти декември 2010-та во врска со проширувањето и се согласува да и додели на Црна Гора статус на земја кандидат“, се вели во заклучоците.Министрите за надворешни работи на земјите-членки од ЕУ на 14-ти декември заклучија дека Советот е подготвен да се наврати на прашањето за одредување на датум за старт на пристапните преговори на Македонија во текот на унгарското претседателство.„Советот ја споделува оценката на Комисијата за задоволително исполнување на политичките критериуми и забележува дека Комисија ја повтори својата препорака дека пристапни преговори треба да бидат отворени со Поранешната Југословенска Република Македонија. Советот е подготвен да се врати на ова прашање за време на следното претседателство. Одржувањето на добрососедски односи, вклучувајќи и разговори за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за името, под покровителство на ОН, останува важно. Советот го поздравува воспоставениот дијалог на високо ниво и очекува тоа да донесе скорешни резултати“, се вели во заклучоците.Унгарското претседателство ќе трае во првата половина од 2011-та.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.