Контакт

Македонија

Наумовски со очекување за унгарска помош во спорот со името

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Македонија очекува одредени чекори од унгарското претседателство со Европската унија, со цел напредок во спорот со името со Грција, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања на која унгарскиот амбасадор Ференц Кекеши, ги претстави приоритетите на претседателството на неговата земја со ЕУ.Вицепремиерот Наумовски нагласи дека интеграцијата на Македонија во Европската унија е во интерес на самата унија, но и на Грција. „Се надеваме дека унгарското претседателство ќе преземе одредени чекори во насока на правење определен напредок во решавањето на овој долгогодишен спор и определени активности со кои ќе и претстават на Република Грција дека членството на Република Македонија во Европската унија не е во интерес само на Македонија, туку и на самата Унија и на Грција“, рече Наумовски.Унгарскиот министер Кекеши, претставувајќи ги приоритетите на неговата земја во тековното шестмесечно претседателство со Унијата вети поддршка за интеграција на западен Балкан во Унијата, но и побара исполнување на клучните критериуми. „Треба да се направи чекор напред во регионот и неговата интеграција. Земјите во регионот треба да се фокусираат и да работат согласно европските практики и да се направат вистински промени на теренот. Она што може да биде местото на оваа земја во агендата на унгарското претседателство, односно да се обезбеди место на целиот западен Балкан во Европската унија, бара политичка сила. Проширувањето кон Европската унија не е популарно во сите земји членки, но регионот може да смета на нашата поддршка. Ова се главните пораки. Унгарија ги поддржува напорите на владата на Република Македонија да се приклучи на Европската унија во согласност со последните заклучоци на Европскиот Совет. Во тој случај, Унгарија е подготвена да помага во преговорите и активно да се вклучи ако е побарано тоа. Исто така, ние ги поддржуваме преговорите под покровителство на Обединетите нации“, изјави Кекеши.Евроамбасадор Ерван Фуере, од своја страна, нагласи дека претстојниот попис е предизвик за земјата во текот на претстојната година. Посочи дека треба да се обрне внимание на квалитетот на законите што се носат, додека веќе донесените треба во целост да се применуваат. Побара вклучување на сите чинители во општеството во дебатата за клучните прашања за земјата. Особено ја нагласи потребата за одржување на постојан политички дијалог.„Не може да има замена за политичкиот дијалог. Важноста на овој дијалот како најдобра гаранција за успех и формирање на клима на консензус којшто ќе ја носи оваа земја напред во постигнувањето на своите цели во евроинтеграциите. Овој дијалог мора да се осврне на сите предизвици со коишто се соочува земјата: прашањето за името, евроинтегратитивниот процес, реформите. Сево ова е нешто за кое сите граѓани имаат интерес и наша задача е на сите политички партии да им дадеме можност да зборуваат меѓусебе отворено за овие прашања и така да креираат клима на доверба, чии што заштитник е овој парламент“, изјави Фуере.Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска побара повеќе дискусија меѓу политичките чинители за приоритетите на земјата. Смета дека оптимизмот во однос на ЕУ опаѓа и поради тоа смета дека е потребен пресврт во надминувањето на  клучниот проблем со Грција за името. „Се виде дека во изминатите две години, клучот на овој проблем ниту е во Брисел, ниту е во Будимпешта во дадениот случај. Клучот за решавање на ова прашање се наоѓа во триаголникот Скопје – Атина – Њујорк. За жал, овој триаголник за нашиот европски брод се покажа како Бермудски. Се изгуби. Сметам дека навистина е клучно време да направиме пресврт, којшто, пред се, ќе биде во интерес на Република Македонија. Убедена сум дека таквиот пресврт е невозможен ако ние молчиме на овие теми и убедена сум дека ваквиот пресврт е невозможен ако не сфатиме дека Република Македонија има навистина стратешки интерес да биде страната којашто ќе бара активно решение и страната која ќе притиска за решение, дури и ако интересот на другата страна не е изразен“, рече Шеќеринска. Претседателот на Комисијата за европски прашања, Петар Поп-Арсов, пак, побара евроинтеграциите да не се користат во дневно-политичките пресметки.„Република Македонија има интерес да се реши ова прашање. Република Македонија има интерес да стане дел од Европската унија. Веќе сите оние политички пораки кои што ги добиваме од Брисел се фокусирани токму на ова прашање – значи решете го прашањето за името, продолжувате понатаму. Сметам дека секоја дополнителна политичка конфронтација поврзана со нашиот евроинтегративен процес е непотребна. Јасна е порака од Брисел и сите конфронтации што ги правиме на тема евроинтеграции овде меѓу нас мислам дека се непотребни“, рече Поп-Арсов.Теута Арифи, претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, ја повтори идејата презентирана од нејзината партија ДУИ за меѓународно олеснување од страна на ЕУ и САД во изградбата на внатрешен консензус за прашањето името меѓу политичките чинители. „Тоа не треба да биде потценување, не дека ние не можеме, туку од причина што ние имаме потреба од ова присуство. Присуство кое во минатото покажа дека во моментите кога нам ни недостигаат нашите капацитети, мала помош од нашите пријатели мислам дека е повеќе од потребна“, рече Арифи. Проширувањето, заедно со економскиот развој, јакнењето на заедничките политики и приближувањето на ЕУ кон граѓаните, е еден од четирите приоритети на земјата за време на шестмесечното претседателство. Унгарија од 1-ви јануари го презеде претседателството со Европската Унија од Белгија. Во втората половина од 2011-та оваа задача ќе и припадне на Полска. /крај/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Објавено пред

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.

Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Скопје

Без струја дел од Карпош

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.

dobivaj vesti na viber

Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 минути

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија12 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија14 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија16 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија17 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија18 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ19 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија19 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија19 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија22 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет23 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет23 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија23 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион23 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет23 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет23 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија2 дена

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија2 дена

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија2 дена

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...