Македонија
„Павел Шатев“: Измените на членот 4 од уставот ќе го унапредат правниот систем
Уставните измени, со кои ќе се предвиди можност за израчување на македонски граѓани во други држави за сторен криминал и обратно, ќе го унапреди правниот систем и ќе спречи злоупотреба на двојното државјанство за избегнување на кривичната одговорност
Ова беше заклучено учесниците на денешната дебата организирана од институтот „Павел Шатев“.Со измените на членот 4, став 2 од Уставот, со кој сега се забранува испорачување на македонски државјанин на странска држава, ќе се овозможи врз основа на меѓународен договор наш државјанин да биде екстрадиран за сторен криминал во странска земја и обратно, странската земја да може да испорача свој државјанин за сторен криминал во Македонија. „Со предлогот за пристапување на измена на членот 4, став 2 од Уставот на Република Македонија не се ограничуваат или намалуваат основните слободи и права на граѓаните, туку, напротив, тие се унапредуваат и заштитуваат. Се унапредуваат основните слободи и права на граѓаните од аспект на заштита, граѓаните да не бидат жртви на најтешките и најсофистицираните облици на организираниот криминал, да не бидат жртви на корупција, да не бидат жртви на трговијата со луѓе, жртви на тероризам, на перење на пари, да не бидат жртви на овие најтешки и најсофистицирани облици на кривични дела“, вели Михајло Маневски, министер за правда.„Современите текови бараат современи реакции на државите. Во таа смисла, државите мора да бидат помудри од криминалците, односно сторителите на тешките кривични дела. Не смееме да останеме воздржани кога гледаме дека сторители на тешки кривични дела ги манипулираат државите, односно ги злоупотребуваат границите коишто постојат меѓу државите за лична заштита. Ние оваа можност треба да им ја ускратиме“, вели Зоран Петрески, пратеник во Собранието.Дел од експертската јавност, која ги поддржува овие измени, бара во променетата одредба да се предвиди реципроцитет при потпишувањето на договор со некоја странска земја за меѓусебно испорачување на сопствени државјани. Сметаат дека промената ќе донесе широк општествен бенефит.„Оваа уставна измена ги задоволува двата критериуми: носи општествени придобивки, унапредување на правниот систем на државата, потоа не ги загрозува интересите на општествените групи, односно не го нарушува постојниот баланс воспоставен со Уставот на Република Македонија“, вели Тони Дескоски, универзитетски професор.Ваква можност веќе е предвидена во уставите на земјите од поблиското и поширокото опкружување на Македонија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.