Македонија
Маневски ќе„ лета“ од Судскиот совет
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, доставија иницијатива за уставни измени во делот на Државниот завод за ревизија и Судскиот совет, а измените според собранискиот спикер ќе значат исполнување на препораките од ЕК.
Со измените се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет и зголемување на бројот на судии членови на Судскиот совет избрани од страна на судиите и преиспитување на правото за повторен избор на членови на Судскиот совет. Исто така се предлага и изземање на членовите по функција од Судскиот совет , односно Министерот за правда и Претседателот на Врховниот суд, да не бидат дел од ова тело. Бројот на судии во Судскиот совет би изнесувал десет, наместо осум како до сега.
Повикувајќи се на исполнување на препораките од ЕК, со предлог измените на Уставот е предвидено ДЗР да се дефинира како уставна категорија, односно независноста на ДЗР да биде уставно утврдена.
„Денеска добив Предлог за измена на Уставот. Предлагачи се повеќе од 30 пратеници. Измената се состои во два дела. Првиот дел е во однос на институционализирање во Уставот на Државниот завод за ревизија и вториот дел во однос на измена на составот на Судскиот совет. Се препорачува од страна на предлагачите измени во Уставот во овие два дела, затоа што согласно препораките од Извештајот на ЕК ние секако треба да ги исполниме тие критериуми“,изјави Вељаноски.
Тој посочи дека е потребно да се усвојат предложените уставни измени, за како што рече Македонија во октомври да добие позитивен извештај од ЕК.
„ Максимално ќе се заложам да се изменаџира овој процес, во кој што ќе поминат овие уставни измени и мислам дека од страна на сите пратеници, без разлика дали се од власт или од опозиција треба да има и да се покаже свесност да се изгласаат овие уставни измени без оглед на политичките интереси на било која политичка партја“, истакна Вељаноски.
Тој упати апел до пратениците од опозиција да се вратат во парламентот, макар за расправата по Уставот и да учествуваат во неа.
За уставните измени ќе се расправа на 21 февруари на пленарна седница. За промена на Уставот се потребни најмалку три месеци. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.
Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.
Парламентраните избори во земјава ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.
Изборите за шеф на државата ќе ги следат и странски новинари.
Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.
Македонија
Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците
Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места.
Денеска ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица.
Гласањето за претседател започна во саботата, први гласаа членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во посебниот извод од избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии треба да гласаат наши граѓани кои живеат во странство а кои се пријавиле за гласање.
Право на глас имаат 1.814.317 гласачи запишани во единствениот избирачки список. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)