Контакт

Македонија

Речиси 40 Македонци побарале помош за евакуација од Либија

Објавено пред

Речиси 40 македонски државјани досега побарале помош за евакуација од Либија, информираат од Министерството за надворешни работи

dobivaj vesti na viber

Вкупно девет Македонци побарале да бидат евакуирани од Триполи со хрватски авион кој веќе се наоѓа на аеродромот во либискиот главен град. Од хрватска страна е потврдено дека и македонските граѓани ќе бидат евакуирани штом се создадат услови за полетување на авионот.Истовремено 25-30 градежни работници од кумановско побарале да бидат евакуирани од Бенгази.  Нивното извлекување од земјата ќе биде направено со турски брод, поради тоа што аеродромот во овој либиски град е затворен.Во меѓувреме, МНР формираше координативно тело за евакуација на македонските граѓани од Либија, кое стои на располагање 24 часа за сите засегнати граѓани. Директорот за конзуларни работи, Звонимир Поповиќ денеска одржа средба со конзулите на Србија, Турција, Хрватска, Италија и БиХ, на која била побарана помош при евакуирањето на нашите државјани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на избори под слоганот „Македонија повторно твоја!“

Објавено пред

Македонија повторно твоја! – промените во твои раце е слоганот и потписот на парламентарната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека слоганот со кој ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ е резултат на претходни обемни анализи со кој се потврдува дека главното чувство е чувството на беспомошност кај граѓаните по девастирачкото владеење на СДСМ и ДУИ.

„Токму чувството дека народот ја губи државата од своите раце и дека нема ниту еден систем во државата кој функционира е чувството кое е доминантно во сите истражувања и анализи. Тоа се гледа по бројните примери како што е модуларното болница, немањето на пасоши и лични документи за граѓаните, недостатоците дури и на учебници во образованието, криминалот насекаде и сеприсутноста на корупцијата, како и неказнивоста на сторителите се бремиња што го оптеретуваат македонското општество“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Кампањата ќе биде промовирана на конвенцијата заедно со кандидатите за пратеници и носители на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Објавено пред

Од 2 часот по полоќ, почнува летното сметање на времето, со поместување на стрелките на часовникот еден час понапред.

dobivaj vesti na viber

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 3 часот, кога часовникот се поместува еден час наназад.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло време, температури до 26 степени

Објавено пред

Претежно сончево и топло со слаб јужен, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со благо опаѓање на дневната температура.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Зеленски ги повлекува вооружените сили ако САД не ѝ ја обезбедат потребната воена помош на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предупреди дека тешко притиснатите украински сили можеби ќе треба да се повлечат за да ги...

Регион16 минути

Полицијата ја однесе мајката на Данка на местото на исчезнувањето, направена реконструкција, побарано од неа да го открие секој детал

Полицијата вчера отишла со мајката на малата Данка на местото каде исчезна девојчето, дознава „Блиц“. Српскиот медиум пишува дека ова...

Македонија32 минути

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на избори под слоганот „Македонија повторно твоја!“

Македонија повторно твоја! – промените во твои раце е слоганот и потписот на парламентарната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја...

Регион35 минути

Петти ден потрага по исчезнатото девојче – полицијата ги пребарува каналите

Почна петтиот ден од потрагата по 2-годишната Данка од Србија, од која нема ни трага ни глас. Девојчето исчезна во...

Македонија52 минути

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Од 2 часот по полоќ, почнува летното сметање на времето, со поместување на стрелките на часовникот еден час понапред. Летното...

Македонија17 часа

Нема докази дека уапсените за убиството на докторот се сторителите

Нема докази дека лицата кои беа приведени за убиството на докторот во Железара се сторителите. Од Обвинителството велат дека продолжуваат...

Регион20 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ20 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ22 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија23 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Регион1 ден

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион1 ден

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа1 ден

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет1 ден

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа1 ден

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија2 дена

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија2 дена

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија2 дена

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...