Македонија
Координацијата кај Вељаноски продолжи без опозиција
NULL
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денешната координациска средба ја продолжи без координаторите и потпретседателот на Собранието од опозицијата. „Долго време ги повикувавме, но мора да продолжиме со работа без нивно присуство. Јас во секој момент ги повикувам да се вратат и да разговараме за решавање на прашањата од редот за предвремени избори“, изјави Вељаноски. На денешната координација координаторите и потпретседателите од парламентарното мнозинство одлучиле на СДСМ да им дадат рок до сабота за да достават предлог за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). Вељаноски информираше дека предлогот ќе биде поддржан од владеачкото мнозинство. За формирањето на привремена комисија за утврдување на прочистениот изборен список, Вељаноски информираше дека е даден рок до четврток кога сите опозициски партии кои се застапени во парламентот треба да предложат член, а СДСМ како најголема опозициска партија треба да предложи претседател на комисијата. Комисијата треба да биде составена од десет члена. Овие две точки од координациската средба треба да се најадат на пленарна седница на 15 март. За Изборниот законик и измени во законот за Судски совет, како што најави Вељаноски ќе се разговара в четврток на продолжението од денешната координација. Тој уште еднаш упати апел и ја повика опозицијата да дојде на координација, за како што рече заеднички да се продолжи со работа./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.