Македонија
Капетанот на „Илинден“: Подобро јас да загинев, а сите патници да преживееја
NULL
Чувствувам силна болка и изразувам сочувство до роднините на загинатите патници кои настрадаа во потонувањето на бродот „Илинден“, изјави пред Основниот суд во Охрид капетанот Сотир Филевски, првообвинет за несреќата во која животот го загубија 15 бугарски туристи, јавува Охридњус.
„Камо јас да загинев, а сите патници на бродот да останаа живи“ рече 24-годишниот заповедник на бродот „Илинден“.
Филевски и овластениот претставник на осигурителната компанија Германски Лојд се товарат за предизвикување тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Пред судот денеска се појави само првообвинетиот Филевски, додека на Бајиќ со одлука која ја потврди Апелациониот суд му се суди во отсуство.
Филевски, кој во истрагата се бранеше со молчење, пред судот истакна дека бродот „Илинден“ го купил во 2003 година од ГП „Трудбеник“ во состојба каква што е до ден денес, со надградена горна палуба, на која како што рече никогаш не му било предочено од овластени лица или институции дека не смее да превезува патници.
„Шест години со бродот испловувам и влегувам во пристаништето на 10 метри од Капетанијата, но никогаш не сум бил предупреден да не превезувам патници на горната палуба“ посочи Филевски.
Тој истакна дека бродот бил регистриран за 43 патници, а на бродот имало плочка на која пишувало носивост 60 лица. Критичниот ден на бродот имало 53 патници и два члена на екипажот.
Капетанот Филевски пред судот изјави дека редовно ја контролирал исправноста на бродот и дека тоа го направил и кобното утро кога најпрвин „Илинден“ испловил на кружна тура, по што со бугарските туристи тргнал за Св. Наум. Половина час по тргнувањето при праволиниско движење поради кинење на сајла, капетанот ја загубил контролата над кормилото, по што бродот најпрвин нагло завртел во десно, настанала паника помеѓу патниците, по што дошло до нагло свртување на пловилото во лево и тоа започнало да тоне.
„Се се случи многу брзо и за само 20 секунди бродот тонеше. Време за реакција немаше и јас со морнарот Владо Устијаноски почнавме да фрламе во вода се што плута за да ги спасиме патниците. Владо преку мобилен ги извести бродовите Кристина и Александрија за несреќата кои пловеа во непосредна близина и веднаш дојдоа на местото на настанот каде веќе беа два глисери. Лично спасив 12-13 луѓе и последен ја напуштив водата“ раскажа капетанот Филевски.
Тој истакна дека не му е познато зошто потона бродот, кој како што рече, за него бил исправен.
Судскиот процес за најголемата бродска несреќа во Македонија продолжува со распит на сведоци.
Бродот „Илинден“ потона на 5-ти септември 2009 година во водите на Охридското Езеро на околу 200 метри од брегот, кај авто кампот Елешец. Загинаа 15 туристи од Бугарија./крај/охридњус/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Пендаровски ја призна конекцијата со мешетарот Еисин и после се сокри од јавноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Пендаровски ја призна конекцијата и комуникацијата со балканскиот мешетар Асаф Еисин и се сокри од јавноста. Го нема со денови да излезе и да даде одговори, дали тој, дали СДС, дали Ковачевски или сите комплет го ангажирале Еисин за консултации“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој скандал е дотолку поголем што постојат сериозни индиции дека овој сомнителен лик е ангажиран за креирање на црната кампања на власта и за тоа според основани сомнежи се плаќа со пари во кеш. Овие црни пари не се водат во ниедна евиденција и се испумпани од криминалните тендери во РЕК Битола.
Надлежните институции треба овој случај детално да го проверат, бидејќи ангажманот на мешетарот Еисин и двете лица кои му помагаат а кои се сместени во еден скопски хотел, не фигурира во ниеден извештај. Доколку актуелните институции не го истражат овој случај, тогаш после промената на власта се ќе биде детално проверено. Време е за промени, а наскоро после тоа ќе дојде и времето за одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Нема промена во ДПМНЕ, над 80% од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади“, велат од СДСМ
„Составот на листите за пратеници на ДПМНЕ потврдува дека во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија свртена кон минатото. Повеќе од 80% од кандидатите на листите се истите пратеници, кои спроведуваа активни блокади на Собранието, правеа опструкции и кочеа, сé што е во интерес на граѓаните и државата“, соопшти СДСМ.
„Тоа се истите лица што во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите, кои два дена на собраниска седница ги преместуваа точките на дневниот ред.
Беа и против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во НАТО, и против евроинтеграциите, тропаа и вревеа со вувузели додека во парламентот зборуваше Урсула фон дер Лајен.
Нивната работа изминатите четири години ја одбележаа одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од ДПМНЕ.
Со истите лица на листите Белата палата потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.