Македонија
Протест на воспитувачките и персоналот од градинките

Воспитувачките, негувателките и техничкиот персонал на градинките од општина Карпош и Куманово, незадоволни од својот нерегулиран статус, денеска протестираа пред Министерството за труд и социјална политика, со барање за итно средување на нивниот работен однос
Тие се пожалија дека земаат плата од пет илјади денари месечно и „работат на црно“ со години, односно без договори на неопределено време, не се пријавени и немаат никакви придонеси за социјално и здравствено осигурување.„Имавме средба со министерот Џељаљ Бајрами, тој ни кажа дека стои на својот став дека ќе пушти само 100 решенија на ниво на Македонија, со тоа што ќе биде опфатен и техничкиот персонал, секако помал дел, ние на тоа му кажавме дека сме дискриминирани во тој поглед и дека не се согласуваме околу тоа, меѓутоа како што изјави министерот не било тоа само негов став туку и на директорките“, рече Мицевска Стојанка, претставничка на воспитувачките, кои тврдат дека одобрените решенија не се доволни, бидејќи само на ниво на општина Карпош има 38 луѓе со нерешен статус во градинките.Министерот за труд и социјала, Џељаљ Бајрами, изјави дека неговото министерство се нафатило да го реши овој проблем, и даде ветување дека до 2012 година ќе бидат поделени сите одобренија за вработување.„Договорот минатата година беше да се потрудиме три години по ред, да дадеме по 100 одобренија за вработување на неопределено време, за целиот персонал кој работи во градинките, вклучувајќи ги негувателките, воспитувачките и стручниот персонал. Првата година дадовме сто одобренија за вработување на негувателките и воспитувачките, втората година тоа и го сторивме, дадовме одобренија за вработување. Оваа година во тие 100 согласности кои ќе ги дадеме за вработување на негувателки и воспитувачки, ќе има и 36 за техничкиот и стручниот персонал, а останатите сто остануваат за наредна година“, рече Бајрами.Воспитувачките тврдат дека во општините каде се поставени градоначалници од опозицијата, власта намерно дава помалку решенија за вработување.„Зошто само 10 решенија за вработување се поделија во Карпош, никој не ни одговара на тоа“, вели персоналот од градинките кој денеска штрајкуваше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја утре делови од Скопје

Од Евн најавуваат дека утре без струја ќе останат делови од Скопје.
Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Милан Мијалковиќ и Кара Трифун ( општина Кисела Вода ),
од 07:30 до 15:30 часот, корисниците од ул. Лазар Поп Трајков, броеви 22 до 33, ул. Габреж, броеви 4 до 19, ул. Ташко Караџа, броеви 19 до 24. ( општина Гази Баба ),
од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од дел с.Глумово, Шишево и Матка ( Општина Сарај ),
од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул.Драчевски Пат подул 2 во Драчево (општина Кисела Вода ).
Македонија
Сончево време со температура до 18 степени

Времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во следните два дена ќе се задржи сончево и релативно топло време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните ќе бидат во пораст. Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, на планините снег и со опаѓање на дневните температури.
Македонија
Усвоен предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

Владата на денешната седница го утврди текстот на предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Основна цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – национален парк, заради обезбедување заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес“, соопшти Владата.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер