Контакт

Македонија

Гешковска останува обвинител за Изгрев

Објавено пред

Обвинителот Јован Илиевски, шеф на одделот за организиран криминал, донел одлука Гордана Гешковска да остане обвинител за случајот „Изгрев“

Тој го одбил барањето за изземање на обвинителката, кое го поднесе обвинетиот Димитар Миладинов. На последното судско рочиште тој побара Гордана Гешковска да не го работи предметот оти Вишото обвинителство констатирало пропусти во нејзината работа.Барањето го поднесоа браќата Миладинови обвинувајќи ја обвинителката дека наводно поради корупција и лична кариера го напишала обвинителниот акт.„Барањето е поради тоа што се сомневаме во непристрасноста на обвинителката. И обвинителот Љупчо Шврговски потврди дека имало грешки во обвинението заради што таа треба да го напушти процесот”, образложи во понеделникот Димитар Миладинов.Тој на рочиштетот во понедленикот изнесе тешки обвинувања за обвинителката. Ја нападна дека направила монтиран процес и класичен прогон за да уништи бизнис кој некој друг требало да го преземе. Се повика на материјални докази кои ќе ги приложел дополнително.Додека зборуваше се расправаше со неа дали се служи со мобилниот телефон во судница. Обвинителката Гордана Гешкоска телефонот го предаде на судијата. Миладинов во детали образложуваше зошто обвинителката треба да биде изземена и посочи дека таа правела притисок и на судечкиот судија. Тогаш настана тензија во судницата по што судијата возврати со опомена: „Забегавте, прекинете”, но Миладинов кажа се што мислеше дека треба за да го аргументира барањето за изземање. На ова барање се приклучи и еден од адвокатите кои образложуваше сосема друг предмет во кој Гешковска била обвинител.Обвинителката Гешкоска, пак, кажа дека нема да го коментира барањето, но додаде дека адвокатите се служат со полувистини за да и наштетат.„Моето постапување во предметите е одобрено од Јавниот обвинител на Република Македонија”, рече Гешкоска.Тогаш настана и препирка дали треба да се прекине или не судењето. Судијата на крајот сепак го одложи процесот за следниот месец.Браќата Миладинови беа осудени на по шест и пол години затвор за финансиски малверзации со хотелот „Изгрев“ во Струга, односно за перење пари и измама со кредити.Апелациониот суд ја укина пресудата по барање на Вишото јавно обвинителство кое потврди дека во обвинителниот акт имало грешки, постапката била водено погрешно и немало докази.  Предметот е на повторно судење, а Миладинови и неговите бранители очекуваа обвинителката Гешкоска да го повлече обвинителниот акт



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Министерство за здравство: 446 нови вработувања во текот на пандемијата

Објавено пред

Од министерството за здравство информираат дека минатата година биле реализирани 446 нови вработувања во јавно-здравствени установи низ државата. Од почетокот 2020 година 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.

„Вложувањата во човечки капитал во здравството не застанаа дури ни во време на пандемија. Пандемијата покажа колку се значајни здравствените работници, тие се столбот на нашето здравство. Со нови вработувања и зголемувањата на платите создаваме услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја. Се залагаме за подобрување на условите во кои истите работат и ги слушаме нивните потреби. Отворени сме за соработка со младите како никогаш досега”, истакнува министерот Венко Филипче.

Според него, во изминатите 3 години, се дадени повеќе од 5000 согласности за вработување во јавно-здравствените установи и за првпат се платени приватните специјализанти во висина од просечна плата на општ лекар со што тие се изедначуваат со статусот на нивните колеги.

„Во месец септември 2018 година, на 19.123 вработени во јавно-здравствените установи им се зголеми основицата за плата за 5%. Во јануари 2019 година, следеше дополнително зголемување на платите на здравствените работници, доктори, медицински сестри, болничари, техничари. 5% за медицинските сестри, 8% на медицинските сестри на Клиниките и 10% за докторите специјалисти“, информираат од министерството за здравство.

Според нивните анализи, во месец септември 2019 година, за 5% е зголемена платата на администрацијата во здравството. Од февруари 2020 година, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, додека пак на медицинските сестри за 10%.

„Кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%“, велат од министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Објавено пред

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека доколку сакале можеле да сокријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни го вратила платениот капар.

„Сакам да зборувам за работи кои што целосно ги познавам и во кои сум учествувала, мислам дека најсоодветно е да не се мешаме во работи во којшто информациите ги имаме од Влада, но и од она што јавноста е достапна. Ако нешто можевте да забележите во изминатава година, и мислам дека тоа понекогаш може да нѐ прави и послаби, меѓутоа мислам како држава тоа е чекор во вистинска насока, тоа е дека никогаш информациите не ги криевме од јавноста, и кога се добри вести, и кога се лоши вести. Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања, но тоа не е начин на кој функционира оваа Влада. Подобро е да ги кажеме проблемите со кои се соочуваме“, рече Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање.

Таа вели дека за истите фрустрации и незадоволство од набавката на вацини може да се слушне од многу земји членки на Европската Унија.

„Најголемата група на земји која што во принцип се сметаше дека ќе го диктира темпото, но дури и тие се соочија со проблеми со дел од производителите и со обезбедување на потребните количини“, вели таа.

Министерството за здравство вчера потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Шахпаска: 1 Март – Ден на нула дискриминација

Објавено пред

По повод 1 март – Денот на нула дискриминација, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, порача дека Владата и Министерството за труд и социјална политика имаат направено сериозен исчекор во борбата против дискриминацијата.

„Преку широка и отворена дебата успеавме да го усвоиме Законот за спречување и заштита од дискриминацијата. Првпат како дискриминаторски основи ги вклучивме и сексуалната ориентација и родовиот идентитет како дел од основните човекови права и слободи“, истакна Шахпаска.

Таа ја потенцира транспарентната постапка за избор на професионалната Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која има задача ефикасно, објективно, независно и принципиелно да работи во интерес на граѓаните.

„Градиме еднакво општество за сите, водени од тоа дека секој има право на достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност или убедување. Секој човек е поинаков и секој човек има право на избор. Впрочем, убавината на општеството ја прават различностите“, порача министерката Шахпаска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека доколку сакале можеле да сокријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа1 час

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите ширум Германија од денес ги отвораат салоните денес по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање...

Свет2 часа

„Модерна“ почнува да ја испитува вакцината против јужноафриканскиот вид коронавирус

Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе започнат во средината на март во САД,...

Топ3 часа

Во Струмичко растурена свадба со 300 гости, МВР подготвува кривични пријави

Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде што била организирана свадба,...

Свет3 часа

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме во целиот регион

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски...

Македонија4 часа

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Од денеска почнува првата фаза на пописот, со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувањето...

Свет13 часа

(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција. Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што...

Регион15 часа

Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора 

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19 на предлог на Институтот за јавно здравје, денеска донесе нови мерки. Според нив,...

Македонија18 часа

Пратеник направил скандал на Блаце: „Никаде не чекам ред, нема ни тука да чекам“

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата на Албанците, на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце. Тој бил со...

Македонија19 часа

Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак...

Македонија20 часа

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Топ23 часа

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија1 ден

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Регион1 ден

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Свет1 ден

(Видео) Немири на улиците во Даблин поради карантинот

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство. Полицијата...

Свет2 дена

(Видео) На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од Лондон

Санта мраз, поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол. Вкупната...

Македонија2 дена

Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да...

Македонија2 дена

„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ. Екипа на Брза помош му помогнала...

Македонија2 дена

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на протестот

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“. Тие се гонат за...

Македонија2 дена

Регистрирани 721 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов...

Досие