Македонија
Бучковски: Набавките во МО беа ургентни исто како „Тамифлу"

По повеќе турбуленции околу стартот на повтореното судење денеска пратеникот Владо Бучковски со часови пред судијата Дијана Груевска Илиевска и Судскиот совет зборуваше за набавките на резервни делови за тенкови заради кои тој одговара за злоупотреба на службената должност и овластување.
По повеќе турбуленции околу стартот на повтореното судење денеска пратеникот Владо Бучковски со часови пред судијата Дијана Груевска Илиевска и Судскиот совет зборуваше за набавките на резервни делови за тенкови заради кои тој одговара за злоупотреба на службената должност и овластување.Го убедуваше судот дека набавките биле легални , парите се знае каде завршиле и државата немала штета туку дури и корист. Тој во детали со мноштво нови документи и докази тврдеше дека со одлука на тогашниот претседател Борис Трајковски, премиерот Љубчо Георгиевски било побарано ургентна набавка на делови за тенкови од Украина. Било констатирано дека на Македонија и демнела опасност од вооружени напади заради што државата требало да се наоружа. Ниту една набавка не била планирана поради закана од Косово тврдеше Бучковски. „Тогаш државата работеше надвор од Законот за јавни набавки, во кои Член два предвидува дека доколу се работи за интерес на државата и се работи за воена тајна Законот не важи”,појасни Бучковски. На предлог на државниот секретар во министерството за финансии, Ванчо Каргов, наместо да се прави ребаланс на Буџетот побарал МЗТ ФОП да плати за деловите како добар партнер на министерството. Бучковски тврди дека по неговото заминување од министерството почнале перипетиите со договорот и доцнењето на исплатата на втората рата од парите иако пари имало на посебна сметка на Министерството од каде за јавни набавки биле исцрпени две милијарди денари. За овој договор против Бучковски веќе имало кривична пријава која обвинителството ја отфрли. „Во меѓувреме се случува штрајк во МЗТ ФОТ и паѓа договор парите од втората и третата рата да бидат дадени во Фондот за здравство за бенефит на вработените. До денар се гледа каде се парите потрошени или каде се наоѓаат. Се набавуваше ургентно исто како што се набавуваше Тамифлу кога се закануваше опасност по здравјето на населението”, тврдеше Бучковски и на судот му предаде нови докази и документи. Денеска тој обелодени дека чешка компанија сакала да ги купи деловите, но државата не ги дала оти биле предмет на кривично дело и биле ставени вон правен промет , што за него е чудно оти на тој начин државата би можела да заработи многу пари оти вакви тенкови се употребуваат во Јужна Африка. Бучковски сведочењето ќе го продолжи на следното рочиште. Верзијата околу набавките во министерството во негово време Бучковски ја зборува вторпат, но со многу нови дополнувања. Еднаш беше осуден, но Апелација ја поништи пресудата и судењето е на почеток./крај/км/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граѓански здруженија бараат темелна истрага за институционалните пропусти во случајот Мијалков

Три граѓански здруженија бараат темелна и брза истрага за институционалните пропусти околу недостапноста на органите за прогон на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.
„И покрај епилогот на овој случај, кој значеше обезбедено присуство пред судските органи на обвинетиот и сега веќе притворениот Мијалков, сметаме дека е неопходно итно утврдување на одговорност од страна на надлежните органи за настаните кои му претходеа на изрекувањето на пресудата“, се наведува во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата „Сите за правично судење“ и Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Тие сметаат дека бегството се случило токму поради отсуството на соодветна реакција за пропустите и неажурноста на институциите, што овозможиле бегство од земјата на Никола Груевски, кој беше осуден на двегодишна казна затвор со правосилна пресуда во случајот познат како „Тенк“, како и на други три лица од високо-профилираните кривични постапки.
„Истрагата и понесувањето одговорност е од исклучителна важност за градењето правна држава и владеење на правото, поради очигледните пропусти на македонскиот кривично-правен систем. Добиените сознанија за институционален пинг-понг и непотребни преписки од моментот кога се добиени индиции за бегство на обвинетиот Мијалков, до моментот кога му се губи трагата, ја потврдуваат неажурноста на надлежните органи во борбата против криминалот“, велат здруженијата.
Токму затоа, додаваат тие, инсистираме на истраги преку кои ќе се утврди одговорноста за пропустите во постапувањето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на Министерството за внатрешни работи и на Агенцијата за национална безбедност.
Здруженијата, соодветно на резултатите од истрагата, бараат да бидат санкционирани сите раководни лица и службеници, кои не ги почитувале законските и подзаконските акти, со што помогнале во бегството на Мијалков.
„Сите контрадикторни тврдења, изјави во медиумите, целокупното однесување и постапување на ОЈОГОКК , фрлаат дамка на непристрасноста и стручноста во постапувањето на ОЈОГОКК, поради што бараме Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија да спроведе постапка за да се утврди одговорноста за пропустите во постапувањето. Сметаме дека само со сериозен пристап за утврдување на вистината и одговорноста во самите институции, може да се изгради функционален систем, кој обезбедува правда и во кој сите се еднакви пред законот“, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата „Сите за правично судење“ и Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Македонија
Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени во кои ноќеска беше пукано се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР за „Макфакс“. Тие биле пронајдени мртви, а пукањето било пријавено од лица кои случајно се затекнале на местото и слушнале пукање. На местото се пронајдени повеќе чаури од пиштол и автоматска пушка. Убиството се случи доцна ноќеска, пред три часот, на улицата „Македонско-косовска бригада“.
Убиените се превезувале со патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Итната медицинска помош констатирала само дека двете лица не давале знаци на живот. Остануваат непознати причините за двојното убиство, а од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
Уште доцна ноќеска многубројни полициски екипи се излезени на терен за расчистување на убиството. Сведоци на крвавиот настан биле и соседи кои биле разбудени од гласните пукотници.
Увидот на терен и натаму трае, а неофицијално, на разговор веќе се повикуваат лица од кои може да се дознаат повеќе детали за тоа што се случувало ноќеска при убиствата.
Македонија
Сончево со мала облачност и температури до 20 степени

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер