Македонија
Милошоски: Црвенковски се однесува непринципиелно

Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, како непринципиелно го оцени однесувањето на претседателот на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски во врска со неговата денешна изјава за предвремените избори.
Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, како непринципиелно го оцени однесувањето на претседателот на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски во врска со неговата денешна изјава за предвремените избори.Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски пред новинарите во Брисел изјавил дека го смета за непринципиелно однесувањето на Бранко Црвенковски кој претходно во текот на денот објави предлог план за одржување на предвремени парламентарни избори, според кој изборите би се одржале на 26. јуни врска со предвремените избори.„Мислам дека самиот пристап да се условуваат предвремените избори од страна на оној политичар кој истите ги бараше не е принципиелно однесување, изјави денеска Милошоски во Брисел.Милошоски посочува дека одговорна Влада е таа којашто дава можност за дијалог со опозицијата, а според него оваа Влада тоа го направи.„Сериозно ќе ги разгледаме излагањата и предлозите со цел да не му оставиме никому простор за изговор за преземање на политички чекори кои ќе и’ наштетат на угледот на Република Македонија“, рече Милошоски.Партиските органи на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во следните два дена ќе излезат со официјално соопштение и позиција во однос на нивните сугестии, рече Милошоски./крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Земјите вакцинираат веќе трети месец, во Македонија само неколку здравствени работници

Со оваа динамика на лажење на министерот за здравство, Венко Филипче, едно е јасно – граѓаните тешко дека ќе видат вакцина наскоро, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„По кој пат лаже Венко Филипче за стартот на вакцининацијата ни самиот не знае. За последната недела од февруари, оваа изминатава, тој најави какви се не вакцини од Фајзер, кинески, од Ковакс механизмот… На ден до први март, сите земји вакцинираат трети месец, ама во Македонија се вакцинираа само неколкумина здравствени работници и тоа благодарение на донираната вакцина од Србија.
А треба да се вакцинираат сите медицински лица, треба да се вакцинираат повозрасните од 70 години, секако треба да се вакцинираат и оние со повеќе хронични болести…и кој се не. Секако треба да се вакцинираат и оние помладите кои имаат контакти поради работното место.
Во меѓувреме се погласно се зборува и за вакцинални корона пасоши, односно ќе можете да посетите некоја земја само ако имате примено вакцина.
Со оваа динамика на лажење на Филипче едно е јасно граѓаните тешко дека ќе видат или евентуално примат вакцина насокоро. И сето ова, оваа неспособност, оваа фокусираност на тендери и провизии чини жини животи. Затоа одговорност мора да има!“, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Македонија
Сончево и ветровито време со температура до 15 степени

Времето претплaдне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и преку денот времето ќе биде сончево и посвежо.
Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Денеска и во понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 7 до 10 степени. Утринските температури од понеделник на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Ангелов: Скандирањето „УЧК“ и каменувањето на полицајците не водат кон помирување

Скандирањето „УЧК“, „Етничка Албанија“, мавтањето со мапи на „Голема Албанија“ како и каменувањето на полицајците кои само си ја вршеа својата работа, за време на вчерашниот протест за Монструм, не одат во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, истакна директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Тој е дециден дека таквите појави треба да бидат цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори.
„Иако правото на протест е неприкосновено, сепак иритира фактот дека вчера се протестираше против судски пресуди со кои за виновни се прогласени убијци и помагачи на убијци на 5 лица од кои 4 деца. И сетоа тоа без трошка сочувство кон семејствата на убиените деца“, вели Ангелов.
Тој нагласи дека сето ова е штетно е за кревкиот процес на меѓуетничко помирување бидејки вистинското помирување е двонасочен процес во кој активно и внимателно треба да бидат вклучени двете страни.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер