Контакт

Македонија

??????? ?????????? ?? ??????? ????? „?????? ????“

Објавено пред

На кејот од левата страна на реката Вардар, на просторот помеѓу мостот „Гоце Делчев“ и Камениoт мост, денеска започна изградбата на втората градска плажа, која градот ќе го чини околу девет милиони денари.

На кејот од левата страна на реката Вардар, на просторот помеѓу мостот „Гоце Делчев“ и Камениot мост, денеска започна изградбата на втората градска плажа, која градот ќе го чини околу девет милиони денари.Плажата ќе зафаќа површина од 1.775 метри квадратни, на која ќе биде поставена урбана опрема, дрвена платформа, 20 маси, 80 столови и 80 лежалки и ќе наликува на првата плажа која беше отворена минатото лето. Предвидени се четири шанка, детско катче, киосци, бина за одржување манифестации, тушеви, соблекувални и ознаки за забрана за капење. Од градот информираат дека со четирите шанка на оваа плажа ќе стопанисува здружението на угостители „Градска плажа 2“, кое, како и здружението на угостители на првата градска плажа ќе плаќаат закуп на просторот дневно од пет денари за квадратен метар, за површина од 500 метри квадратни.„Градот Скопје имаше јавен оглас за изнајмување на киосците. Баравме да има здружение од четири субјекти. За разлика од минатата година, тие ќе плаќаат одреден надоместок што беше предвиден во јавниот оглас“ – рече градоначалникот Коце ТрајановскиПодлогата на плажата ќе биде направена од ситен песок донесен од рудникот Бањани, бидејќи минатата година, според градоначалникот се појавиле бројни проблеми при донесувањето на морскиот песок од Албанија за првата градска плажа.„Видовме дека песокот кој што беше од рудникот Бањани кој што е на одбојкарското игралиште е со многу слични карактеристики и одговара за градската плажа и е веќе проверен во однос на временските услови  – рече Трајановски.Дел од оваа плажа ќе биде наменет и за одбојкарско игралиште со димензии според пропишаните стандарди кое ќе го осветлуваат осум рефлектори.Пристапот до плажата е обезбеден од кај Камениот мост и од мостот Гоце Делчев, а за лицата со посебни потреби ќе се изгради и рампа.Плажата ќе работи од 10 до 24 часот и граѓаните ќе можат да ја користат бесплатно.Градежните работи ги изведува фирмата „Алкон“. И покрај тоа што рокот за изградба е до 15 мај, се очекува да биде завршена околу 1 мај.  На крајот на плажата кон мостот Гоце Делчев се планира изградба на сплавови, за што веќе е направена инфраструктурата. „Ова е една од најдобрите локации за градска плажа, бидејќи е помеѓу двата моста и спроти плоштадот и мислам дека нема да пречат градежните работи од околните објекти. Го поминавме тестот минатата година и мислам дека Скопјани имаат желба за одење на плажа“ – вели Трајановски.Спред Трајановски првата плажа имаше дополнителни работи кои беа дефинирани со анекси и затоа чини повеќе од втората. „Искуството од претходната година не доведе до тоа цената да биде реална и да не одиме со анекси туку сето тоа да биде уредено во рамките на тендерот со договор“ – вели Трајановски.Трајановски не очекува оваа година да биде пуштено во употреба езерото Треска бидејќи дополнително ќе се испитуваат подземните води. „Тоа езеро има несудена судбина. Моите сознанија се дека не биле исполнети предусловите уште кога било направено. Сега го празниме и чистиме и треба да донесеме вода во езерото од втора категорија или да се вади вода со бушотини“ – додаде Трајановски. крај/к.с



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сопругата на Пендаровски се вакцинира против коронавирус

Објавено пред

Сопругата на претседателот,Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, се вакцинира против коронавирусот.

Таа објави фотографија на „Фејсбук“.

„Детска и превентивна стоматологија – вакцинирани!“, напиша Ѓоргиевска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Марш за женските права – „Држава што не постапува е држава што силува“

Објавено пред

Активистки и активисти, денеска, по повод Меѓународниот ден на жената, се собраа пред Министерството за внатрешни работи (МВР) и го почнаа петтиот марш за женските права, организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права.

Скандирајќи „Држава што не постапува е држава што силува“, активистките изразија поддршка на сите жртви на родово базирано насилство и потсетија дека нема да застанат сè додека институциите не се вклучат активно во разрешување на случаите и санкционирање на виновниците одговорни за родово базирано насилство.

„Виновни се за соучество во злосторство сите што имаат моќ, одговорност и ресурси да обезбедат достоинство, правда, безбедност и заштита на личната сигурност и животот на жените и девојките, а не го прават тоа; сите што се овластени да ги откриваат, спречат, гонат и затворат насилниците, а не го прават тоа; сите што се должни и платени да обезбедат услуги и поддршка на жртвите да ја преземат контролата врз сопствените животи, а не го прават тоа; сите што помогнале во опстојување на криминалот и предизвикале штета, свесно или несвесно, со сторување или несторување, а не смееле да го прават тоа“, изјави Марија Савовска од „Акција здруженска“ и Платформата за родова еднаквост, во говорот што го означи почетокот на маршот.

Таа нагласи дека е неопходно да се обезбедат поврзани институции, јасни правила и професионалци на кои ќе им поверуваме дека ќе му стават крај на насилството врз жените и родово базираното насилство, како и навремени, квалитетни услуги и поддршка за жените и девојките жртви на насилство.

Од Платформата за родова еднаквост побараа неодложно постапување од МВР и Јавното обвинителство по сите конкретни барања, кои и овој пат ги повторија: Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство, кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови што праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени, сексуалното вознемирување преку интернет, особено да се регулира и во Кривичниот законик, и професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции.

„Тука сме, ве следиме и нема да ве оставиме раат“, заврши Савовска.

По обраќањето на активистките, присутните продолжија по рутата до Паркот на жената борец, каде што со завршни обраќања и краток перформанс за подигање на свеста за родово базираното насилство беше означен крајот на годинешниот марш за женски права.

Маршот е кулминација на неколкунеделните реакции на Платформата за родова еднаквост во насока на бавната реакција на институциите во поглед на случаите на родово базирано насилство за што им дадоа рок на институциите да реагираат до 8 март.

Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 24 организации и мрежи што здружено дејствуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи во Рим на средба со секретарот за односи со државите на Ватикан

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Рим се сретна со секретарот за односи со државите на Светата столица, монсињор Пол Ричард Галагер.

Од МНР соопштија дека централно место во разговорите била перспективата на меѓусебните релации и поактивната улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи. Соговорниците се согласиле дека историското апостолско патување на папата Франциско во Република Северна Македонија во мај 2019 година донело нова димензија во речиси тридецениските односи исполнети со пријателство и заемна почит.

„Сите дипломатски напори и висок приоритет на нашата надворешна политика се насочени кон унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка во функција на обезбедување европска перспектива како за Северна Македонија така и за целиот регион. Темелите на нашето уредување, како мултиетничко и мултиконфесионално општество, претставуваат вредносен модел кој е дел од системот на вредност на западната цивилизација“, рекол Османи, при што биле поздравени нашите напори и била споделена надеж дека интеграцијата на Северна Македонија ќе се развие на начин што ќе биде од полза за целиот Западен Балкан.

Биле разгледани и можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји, пред сè, во сферата на културата, заштитата на културно-историското наследство, образованието и здравството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Потврдени 316 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 316 нови случаи на коронавирус, 681 оздравен пациент и 11 починати, соопшти...

Македонија17 часа

Јавно обвинителство: Од „Телеграм“ засега немаме добиено никакви податоци за случајот „Јавна соба 2“

Од Јавното обвинителство велат дека активно постапуваат за утврдување кривична одговорност во предметите поврзани со групите „Јавна соба“, во пресрет...

Македонија18 часа

Грција не ги отвора границите за Македонија, продолжена забраната за патници од трети земји

Грција ја продолжи забраната за пристигнување патници од околните земји по воздушен, копнен и морски пат, а тоа правило важи...

Македонија18 часа

Филипче: Предложивме од среда да се воведе полициски час, најмногу поради непочитувањето на мерките

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку објава на својот фејсбук-профил ја објасни причината за барањето на ресорното министерство за воведување...

Европа18 часа

Европската агенција за лекови засега не одобрува користење на руската вакцина во ЕУ

Високата службеничка на Европската агенција за лекови (ЕМА), Криста Виртумер-Хохе, апелираше до членките на Европската Унија да не го одобрат...

Свет18 часа

Меган Маркл: Сакав да се самоубијам, а не смеев да побарам помош

Во интервјуто кое се емитуваше на „CBS“, војвотката од Сасекс, Меган Маркл изјави дека имала суицидни мисли додека била бремена....

Свет20 часа

Американците тврдат дека пронашле лек за коронавирусот, во употреба за шест месеци

Новиот антивирусен лек „молнупиравир“ може да го смени текот на епидемијата на коронавирусот, бидејќи за време на експерименталното истражување е...

Забава21 час

Меган тврди монархијата одбила да го направи Арчи принц поради бојата на кожата

Меган, сопругата на принцот Хари, изјави дека пред раѓањето на нејзиниот син Арчи постоела загриженост дека неговата кожа ќе биде...

Македонија22 часа

„Држава што не постапува е држава што силува“ – марш за женските права по повод 8 Март

Денеска по повод Меѓународниот ден на жената, со почеток во 15 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне...

Свет1 ден

Зошто е речиси невозможно да се заразите со коронавирус на отворено?

Аеросолите, ситни честички што лебдат во воздухот, се главниот виновник за пренесување на коронавирусот. Според наодите на научниците, ова особено...

Свет2 дена

Градоначалник во Италија даде оставка откако јавноста дозна дека се вакцинирал преку ред

Градоначалникот на сицилијанскиот град Корлеоне денес објави дека дава оставка откако преку ред се вакцинира против Ковид-19, а полицијата отвори...

Македонија2 дена

Во Македонија 333 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, 268 оздравени и 10 починати лица, соопшти...

Македонија2 дена

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се лекува од коронавирус е стабилна, кажа министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија2 дена

Пристигна првата пратка од руските вакцини во Македонија

На скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка од руската вакцина „спутник В“. Министерот за здравство Венко Филипче заедно со рускиот...

Европа2 дена

Скандал во Бундестагот: Пратеници профитирале со трговија со маски за време на ковид-кризата

Скандал ја тресе Германија. Пратеници од Бундестагот оствариле профит од трговија со заштитини маски на самиот почеток на пандемијата на...

Свет2 дена

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради коронавирусот. Досега...

Македонија2 дена

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората. Оттаму велат дека бројот на попишани расте...

Македонија2 дена

Лекарска комора: Ковид може да предизвика сериозни стомачни крварења, да не се занемарат симптомите

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се...

Македонија2 дена

(Видео) Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт...

Европа2 дена

Нови ограничувања во цела Италија

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата...

Досие