Контакт

Македонија

????????: ?????????? ?? ???? ? ????????? ?? ???????

Објавено пред

Полноправното членство на земјата во НАТО останува еден од највисоките приоритети во надворешната политика на Република Македонија и стратешка на оваа Влада.

Ова го истакнал истакнал претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски на средбата со помошникот генерален секретар на Алијансата за политички односи и безбедносна политка, Дирк Бигман.Премиерот Груевски во четвртокот попладне во Владата се сретна со високиот претставник на НАТО, Бренгелман и притоа, како што соопшти Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Македонија, на  средбата сбило разговарано за повеќе прашања од заемен интерес на Република Македонија и НАТО. Груевски ја потенцирал и цврстата определба на Република Македонија, преку реформи и придонес во мисиите на НАТО, да се однесува како рамноправен партнер меѓу земјите членки на Алијансата, споделувајќи ги и бранејќи ги заедничките вредности и одговорности. Груевски посочил дека земјата е активно вклучена и во процесот за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името наметнат од Република Грција што се води под покровителство на ООН.На средбата се разговарало и за конкретниот придонес во меѓународните мисии, при што премиерот Груевски укажал дека минатата година Република Македонија дополнително го зголеми своето воено учество во Авганистан со 80 офицери кои помогнаа во обуката на авганистанските безбедносни сили, дека во моментот во мисијата ИСАФ државата партипицира со 163 офицери, како и дека во втората половина на 2011 г. е планирано да се испратат дополнителни единици на АРМ во Авганистан, чија мисија ќе биде обука на авганистанската воена полиција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Објавено пред

Од денеска почнува првата фаза на пописот со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците.

Попишувашењето на дијаспората ќе трае до 21 април.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски изјави дека целта на попишувањето на иселениците, покрај собирањето податоци е да ги потсети дека иако се иселиле тие се дел од земјата од која потекнуваат. Симовски најави дека процесот ќе се одвива преку интернет-апликација, достапна исклучиво од странство. Нејзиното користење, како што истакна Симовски е едноставно.

„Процесот на самопопишување ќе се спроведува преку веб-апликација која е многу едноставна и кориснички ориентирана, лесно достапна, што значи дека секој државјанин на Република Северна Македонија во странство ќе може лесно да ја пополни за многу кусо време, а единствениот услов е да се најави со својата е-маил адреса. Апликацијата е наменета исклучиво за самопопишување од странство, што значи пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен“, истакна директорот Симовски.

Според премиерот Зоран Заев, пописот е најважната и најголемата статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци за креирање ефикасни јавни политики во државата

„Процесот на отпочнување на преговорите со ЕУ започнува и со пописот, кој е од особена важност и наша обврска како држава-кандидат за членство во ЕУ, бидејќи токму поглавјето Статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите. Со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас. Тоа е наше задолжение, наша обврска кон државата, кон нас самите и кон нашите деца“, рече Заев.

Од друга страна, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски вчера истакна дека власта не е подготвена за да го спроведе пописот. Посочи дека во време на пандемија и без вакцини, власта на мускули турка попис и го загрозува здравјето на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ отвори една граѓанска иницијатива за собирање на потписи и последната информација е дека се собрани 100 илјади потписи. Тие се потписи против нерегуларен попис. Сите сме за да има статистички попис, но не да биде истиот политичка операција во којашто владините функционери ќе се наддаваат со проценти“, рече Милошоски.

Националниот блок „Не отворам врата“ ги повика граѓаните да не ги пуштаат попишувачите дома, бидејќи сметаат дека пописот ќе биде фалсификуван и е веќе договорен меѓу Заев и Ахмети.

Од друга страна, вицепремиерот, Артан Груби, на Фејсбук ги повика иселениците Албанци да се мобилизираат и да се самопопишат во што поголем број.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево време со температура до 16 степени

Објавено пред

Времето претпладне ќе биде сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, јави УХМР.

Во Скопје сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 14 степени.

До четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд кон крајот на денот. До вторник ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски бара одговорност за вакцините: „Нема да ве оставиме на мира“

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи ѝ порача на власта дека нема да избега од одговорноста за тоа што не успеала четири месеци да нарача вакцини.

Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално…

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, February 28, 2021

„Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално потврдија. Нема да избегате од одговорноста за тоа што не успеавте четири месеци да нарачате вакцини. Вие сте срам за Македонија. Неспособни и крајно корумпирани. Заради вас умираат луѓе, заради вашата неспособност имаме сериозен трет бран на новозаболени. И пак не ви е гајле, бизнисот со корупција мора да тера, а народот секако ќе пати. Ви се гледа крајот, нема да ве оставиме на мира“, напиша Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека е позитивен на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Од денеска почнува првата фаза на пописот со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувашењето...

Свет10 часа

(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција. Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што...

Македонија15 часа

Пратеник направил скандал на Блаце: „Никаде не чекам ред, нема ни тука да чекам“

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата на Албанците, на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце. Тој бил со...

Македонија15 часа

Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак...

Македонија17 часа

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Македонија19 часа

СДСМ: Немаме допирни точки со изнесените ставови на Љубчо Георгиевски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не се согласува со предлогот што го изнесе експремиерот, Љубчо Георгиевски, за решавање на спорот со...

Топ20 часа

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија21 час

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Регион23 часа

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Свет23 часа

(Видео) Немири на улиците во Даблин поради карантинот

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство. Полицијата...

Свет2 дена

(Видео) На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од Лондон

Санта мраз, поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол. Вкупната...

Македонија2 дена

Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да...

Македонија2 дена

„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ. Екипа на Брза помош му помогнала...

Македонија2 дена

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на протестот

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“. Тие се гонат за...

Македонија2 дена

Регистрирани 721 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов...

Европа2 дена

Коронавирусот повторно ја затвора Европа

Повеќето европски земји повторно се одлучија за затворање и построги мерки за справување со новиот бран на коронавирус, откако новите...

Македонија2 дена

Филипче: Матичните да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за вакцинација

Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку матичните лекари...

Македонија2 дена

Мицкоски е позитивен на коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово информираше на социјалните мрежи дека е заразен со Ковид-19. „По забележаните првични полесни симптоми,...

Македонија2 дена

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот. Иселениците ќе можат апликацијата за самопопишување да ја најдат на веб...

Македонија2 дена

Владата: Напаѓачите на новинарите ќе бидат казнети

Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите на вчерашниот протест по судските одлуки за случајот „Монструм“ и најави дека ќе...

Досие