Македонија
Вељаноски: Битката за слобода е слободата на медиумите
Спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, на конференцијата на претседатели на парламенти од ЕУ што се одржува во Брисел, во понеделникот зборуваше за слободата на медиумите и состојбата во оваа сфера во република Македонија, две децении по воведувањето на демократијата.
Спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, на конференцијата на претседатели на парламенти од ЕУ што се одржува во Брисел, во понеделникот зборуваше за слободата на медиумите и состојбата во оваа сфера во република Македонија, две децении по воведувањето на демократијата.Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски престојува во дводневна посета на Брисел каде учествува на Конференција на претседатели на парламентите од Европската унија, по покана од претседателите на Претставничкиот дом на Парламентот на Белгија, Андре Флаут и на Сенатот на Белгија, Дени Питерс. Тој денеска се обрати на првиот дел на конференцијата кој е фокусиран на парламентарната контрола врз заедничките надворешни и безбедносни политики и заедничките безбедносни и одбранбени политики, како и на односот на парламентот, мислењето на јавноста и медиумите, но и на улогата на парламентите во контролата на европската сфера на слобода, безбедност и правда со посебен осврт на парламентарната контрола врз службите за разузнавање и мониторингот на Еуропол.„Денес, по две декади од освојувањето на демократијата, доколку погледнеме наназад, со гордост може да си спомнеме на исчекорите кои беа направени. Слободата беше освоена, а тоталитаризмот поразен. Семето на демократијата беше посеано на македонската почва. Меѓутоа, почитувани пријатели, природата на демократската власт, во својата основа го има перманентното чекорење кон хоризонтот на слободата, чиј главен столб се граѓаните. Во тоа светло, дополнителна алатка што ни ја донесе новото време, бездруго е, развојот на информатичката технологија и интернетот. Оттаму, основната дилема е каков одговор треба да вообличи современата демократска држава, во оваа ера на забрзан технолошки развој во која информацијата е лесно достапна, бесплатна, а изворите на информирање се потполно децентрализирани. Секогаш одговорот на вечната битка за слобода е сведувањето на слободата на медиумите, сама на себе, без никакви ограничувања“, рече Вељаноски.Како што истакна спикерот на македонскиот парламент, овие околности се основата што овозможува уште повеќе да се отворат вратите на Собранието за македонските граѓани, преку слободниот печат што го илустрираше со цитат од францускиот книжевник и филозоф Алберт Ками – „тој може да биде добар или лош, но сосема е сигурно дека без слободата на информирањето, сé ќе биде лошо во државите“.„Македонскиот законодавен дом се обидува во најголема можна мера да се приближи до хоризонтот на слободата на информирањето, имајќи ги постојано во вид трендовите на развојот на информатичката технологија. Во конкретна смисла, во рамките на јавниот телевизиски сервис, чиј основач е Собранието на Република Македонија, функционира посебен парламентарен канал, кој е нашата главна комуникациска порта со граѓаните. Преку неа се врши директен пренос на сите пленарни седници и пренос на седниците на работните тела, како и јавни расправи, но и надзорни расправи преку кои практично се реализира надзорната функција на парламентот врз извршната власт. Во оваа смисла, следејќи ги компаративните искуства на државите-членки на Европската унија, во догледен период содржините на парламентарниот канал ќе ги збогатиме со воведување на специјализирани емисии посветени на парламентарното работење, секојдневни парламентарни вести, дебатни емисии, посебни тематски емисии, и слични информативни содржини“, рече Вељаноски.Вељаноски, како што рече во своето обраќање, смета дека втора значајна алатка на медиумска стратегија бездруго е интернетот.„Имајќи го предвид фактот дека повеќе од 70 отсто од македонските граѓани секојдневно редовно пристапуваат на интернет, Собранието на Република Македонија ја унапреди својата интернет страница, која во моментов ги обединува улогите и на телевизијата и на печатот, а воедно претставува и местото каде може да се пронајде сé што е важно, а се однесува на македонската законодавна власт од стекнувањето на независноста до денес“, рече Вељаноски посочувајќи дека граѓаните можат да ги видат сите материјали што влегуваат во собраниска процедура, може да се следи канал за видео пренос на пленарните седници во живо а во видео архивата од скоро ќе може да се погледнат и видео записи на сите пленарни седници, од осамостојувањето на Македонија до денес.Како што соопшти прес-службата на Собранието, на конференцијата во Брисел на којашто учествуваат 44 спикери на горни и долни домови на парламенти на европските држави, ќе се дебатира за парламентарната контрола врз заедничките надворешни и безбедносни политики и заедничките безбедносни и одбранбени политики, за односот на парламентот, мислењето на јавноста и медиумите, како и за улогата на парламентите во контролата на европската сфера на слобода, безбедност и правда со посебен осврт на парламентарната контрола врз службите за разузнавање и мониторингот на Еуропол.Според најавите, вториот дел од Конференцијата ќе биде посветен на последиците од светската економска криза и на начините за справување со нив. /крај/со./сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи“, се наведува во извештајот на Стејт департментот
Министерот за правда ги затвори бугарските културни клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на законот од 2022 година, со кој се бара од организациите именувани по поддржувачи или соработници на фашизмот да ги променат своите имиња, се наведува во извештајот на Стејт департментот.
„Во февруари, по препорака на Комисијата за антидискриминација, обвинителството во Битола отвори прелиминарна истрага за клубот „Иван (Ванчо) Михајлов“ поради говор на омраза. Претседателот на клубот беше обвинет за поттикнување етничка и расна омраза и нетолеранција и ширење расизам и ксенофобија. Две лица се обвинети за нанесување тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, кој се саморегистрирал како Бугарин, по национална и етничка основа на омраза“, се вели во извештајот.
Во однос на слобода на здружување во Бугарија, во извештајот се наведува дека Законот предвидува право на слобода на здружување и владата генерално го почитувала.
„Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија-жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 година и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите.
Во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден-Пловдив со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското етничко малцинство, биле насочени кон поделба на нацијата и ќе создадат услови за етнички конфликт. Во мај, Апелацискиот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд“, нотира извештајот.
Македонија
Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ-и заедницата и поткопана слобода на изразување, забележа Стејт департментот во извештајот за човекови права во Македонија
Сериозна владина корупција, сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, насилство и закани за насилство насочени кон ЛГБТ-и заедницата се само дел од забелешките во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Северна Македонија во 2023 година.
Извештајот меѓудругото нотира значителни „одложувања во судењата кои вклучуваат сериозна корупција, при што само неколку беа завршени до септември, вклучително и оние против поранешни владини функционери. Уставот предвидува независно судство, но владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност, вели извештајот.
„Веродостојните извештаи за неоправдано судско несоодветно однесување, непотребен политички и деловен притисок врз судиите, непотизам, клиентелизам, долготрајна правда, несоодветно финансирање, отпор кон користење на законски задолжителна технологија и недоволен кадар, ја попречија судската ефикасност и влијаеше на довербата на јавноста во владеењето на правото“.
Анкетите покажале силна недоверба на јавноста кон судството.
„Унапредување под политичко влијание без заслуга или транспарентност се случи во судството и обвинителството. Во јануари, Судскиот совет утврди дека двајца судии на Апелациониот суд во Скопје свесно ги одложиле одлуките за да ги истуркаат обвинетите да го поминат рокот на застареност. На 26 април, Судскиот совет го разреши својот претседател, потег што критичарите тврдеа дека укажува на политичко мешање. Двајца членови поднесоа оставки од Судскиот совет како одговор, а неколку истакнати граѓански организации побараа целосна оставка на Советот“.
Слободата на изразување била поткопана од неефикасноста на правосудниот систем, недостатокот на транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции, несоодветното однесување во име на јавните службеници во нивната интеракција со новинарите, притисокот врз новинарите кои истражуваат корупција, дезинформациите, говорот на омраза во онлајн и социјалните медиуми, и самоцензура.
Македонија
Одрони на неколку патни правци
ЦУК извести дека преку единствениот број за Итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на патот кај Калиманци, на регионалниот пат Македонска Каменица-Виница, 5 километри пред влезот на Македонска Каменица.
За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го саниррат одронот, додаваат од ЦУК.
Исто така добиена е дојава за одрон на патен правец село Удово-Демир Капија.
„Точната локација е 2-3 километри после село Удово во правец спрема Демир Капија. За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го санираат одронот“, соопшти ЦУК.