Македонија
ДИК е подготвена за фер и демократски избори
Државната изборна комисија е подготвена да организира фер и демократски избори, рече денеска потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи на прес-конференција, додавајќи дека и овојпат како и досега ДИК со успех ќе ја заврши сојата оббврска
Податоците во Избирачкиот список се ажурирани заклучно со 31 јануари 2010, а запишани се повеќе од милион и 800 илјади граѓани, што според првито човек на Државната изборна комисја Субхи Јакупи ова е реална бројка на гласачи, иако Македонија има околу два милиони жители.„Ние ги добиваме податоците од релевантните институции и не можеме ниту да ги зголемиме ниту да ги намалиме“, рече Јакупи.За измените на Избирачкиот список, Јакупи вели дека со дел од нив се ублажуваат можните технички проблеми што би се појавиле, особено во однос на гласањето на дијаспората, за што комисијата треба да донесе и дополнителни подзаконски акти.Јакупи информираше дека на 30 март е извршено пренесување на право на користење на е-избирачки список од страна на Министерството за правда на ДИК. „Електронскиот избирачки список може да се проверува преку веб страницата на ДИК www.sec.mk. На сајтот постои таб-„избирачки список“ и со негово активирање се отвора веб страница со упатство за користење на кое се внесуваат лични податоци за лице кое сака да се провери дали е во избирачкиот список и на кое избирачко место може да гласа“, образложи потпретседателот на ДИК.Сите лица, како што посочи тој, кои не можат да се најдат во избирачкиот список или имаат проблем со начинот на употреба на е-избирачкиот список може да ја контактираат ДИК преку имејлот [email protected] или во подрачните одделенија на ДИК, кои веќе се во функција при оваа институција од мај 2010 година, а ги има 34 во поголемите градови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето утре – променливо облачно со сончеви периоди
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за исвршителите, брзите кредити и должничкото ропство“ е еден од главните постулати на програмата „Храбро за Македонија“
Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.
Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.
– Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција. Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. – нагласи Глигорова.
– Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.
Скопје
Арсовска изврши увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов во општината Гази Баба.
Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа, велат од Град Скопје.
Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот, се додава во соопштението на Град Скопје.