Контакт

Македонија

Повозрасните граѓани позаинтересирани за бесплатните превентивни прегледи

Објавено пред

Повозрасните граѓани над 60 години денеска дојдоа да направат рутински бесплатни превентивни прегледи на плоштадот Македонија, во Скопје по повод одбележувањето на 7-ми април, Светскиот ден на здравјето.

dobivaj vesti na viber

Повозрасните граѓани над 60 години денеска дојдоа да направат рутински бесплатни превентивни прегледи на плоштадот Македонија, во Скопје по повод одбележувањето на 7-ми април, Светскиот ден на здравјето.Вработени доктори од Здравствениот дом Скопје ги изведуваат основните мерења на граѓаните: височина и тежина , обем на појасот, мерење на крвниот притисок како и испитување на нивото на шеќер и холестерол во крвта.Докторка Весна Трајчевска од поликлиника Битпазар вели дека поголема заинтересираност покажува повозрасната популација која повеќе време посветува на здравјето, за разлика од помладите на возраст од 20 до 60 години.„Жалосно е таа популација од 20 до 60 години која нема време да ги изврши  рутинските прегледи бидејќи се’ друго е поважно отколку здравјето. Потребни се редовни основни рутински контроли барем еднаш годишно“, изјави Трајчевска.Таа додаде дека физичката активност и исхраната водат кон подобар живот. Поради тоа се делеа бесплатни примероци од брошури и материјали за промоција на здрав начин на исхрана и стил на живеење.Како и секоја година, така и оваа Министерството за здравство, во соработка со Институтот за јавно здравје, Здравствен дом – Скопје и Центарот за јавно здравје – Скопје ја организираа заедничката акција за бесплатни превентивни прегледи на пет пунктови во Скопје, намените за граѓаните на Република Македонија. Прегледите  се вршат моментално од 08 до 14:00 часот, на плоштадот Македонија, во паркот во населба Чаир, во паркот во Бутел, во паркот во Ѓорче Петров, како и во близина на ТЦ Бисер во населбата Јане Сандански./крај/макфакс/пк

Македонија

ДУИ: Не постои вага што може да го измери развојот на државата со политиките на Ахмети

Објавено пред

Демократската унија за интеграција реагира на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Крушево дека неговата задача и цел е да ги испрати Али Ахмет и ДУИ во политичка пензија.

dobivaj vesti na viber

„Го потсетуваме Мицкоски и неговите проруски телали дека кариерата и политичката активност на г-дин Али Ахмети е повеќе од историја, повеќе од Влада и повеќе од власт“, велат од ДУИ.

Како што додаваат, од денот на основањето на ДУИ, Ахмети нема изгубено ниту едни избори и така ќе биде се додека Мицкоски, како што велат, не им се придружи на пензионерите, и во СДСМ и во ВМРО, кои своевремено сакаа уривање на ДУИ и на лидерот на Албанците, Али Ахмети.

„Мицкоски знае дека во Северна Македонија не постои вага која може да ја измери работата, развојот и трансформацијата на државата со реформистичките проевропски политики на ДУИ и г-дин Али Ахмети“, се вели во реакцијата.

Од тука се уверени дека граѓаните на 24 април и 8 мај ќе ја заверат победата на ДУИ и Европскиот фронт.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР реагирало до Европскиот Парламент за северномакедонска влада: „Грешката е коригирана“

Објавено пред

Министерството за надворешни работи објави дека реагирало до Европскиот Парламент за употребата на „северномакедонска“ на официјалната интернет-страница.

dobivaj vesti na viber

Од МНР велат дека континуирано укажуваат на точната употреба на уставното име на државата и државјанството на граѓаните на Северна Македонија.

„Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до Европскиот парламент за конкретниот случај, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации. Дополнително, би сакале да потврдиме дека по нашата реакција грешката беше веднаш коригирана“, велат од МНР.

На официјалната интернет-страница на Европскиот парламент пишуваше „северномакедонската“ влада предводена од премиерот Талат Џафери.

Прикажи повеќе...

Македонија

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Објавено пред

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

Бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182.245, што претставува намалување за 1,4 отсто во однос на претходната
учебна година.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66.678, што претставува намалување за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година.

Линк до целиот извештај.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија42 минути

Со нова систематизација Синдикатот на Македонска пошта сам ќе ги укине вработените кои не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на Македонска пошта во соработка со вработените и со ангажирање експерти ќе подготви нова систематизација која ќе ја достави...

Македонија51 минута

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка позадина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија2 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион3 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет4 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет4 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион4 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија14 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија14 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија21 час

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија22 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија22 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија23 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија24 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized24 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ24 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија1 ден

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...