Македонија
Заев: Со судски одлуки се потврдува законитоста на „Глобал“
Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска во јавноста излезе со две судски пресуди од Управниот и Врховниот суд со кои се покажува дека изградбата на комплексот „Глобал“ е законска и сите предмети против него се завршени
„Ова се двете судски пресуди на Управниот суд на Република Македонија и на Врховниот суд на Република Македонија, повторувам на Врховниот суд како највисока судска инстанца во државата, со кои правосилно се потврдува законитоста и комплетноста на постапката за изградбата на ’Глобал’. Значи, овие две судски одлуки потврдуваат дека изградбата на ’Глобал’ е чиста како солза“ , рече Заев.По неговото притворање и подоцнежно аболирање, како што образложи потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, сите правно-истражни дејствија околу обвинувањата биле ставени надвор од судска процедура.„Со тоа се изгуби можноста по судски да ја докажам мојата и невиноста на моите соработници, па единствената шанса да се докаже тоа беше поведувањето управна постапка за докажување на законитоста и комплетноста на постапката за изградба на ’Глобал’“, истакна Зaев.Тој додаде дека одлучиле таа постапка да ја води инвеститорот „Делукс инженеринг“ кој беше партнер на општина Струмица во првото јавно приватно партнерство во Македонија.„Целта беше да се бара судска потврда на законитоста и комплетноста на постапката за изградбата на ’Глобал4 без да фигурира Заев, без да фигурира општина Струмица за да отстраниме секаква можност за повторна политизација на овој случај. Успеавме, тоа го докажавме“, подвлече Заев.Смета дека власта сакала неправедно да му ја одземе слободата, само заради тоа што им пречел како што рече успехот на Струмица.„Сега треба сите да ве тужам. Со овие пресуди како доказ, сите ќе бидете најверојатно осудени. Но нема да го сторам тоа. Јас не сум како вас. Нека ве суди јавноста“, истакна Заев.На прашањето дали сега кога се исчистени сите дамки почнува кампања со која цели кон премиерската функција, Заев рече дека само ова е најава за ново време, без злоба, притисок, клевети и навреда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.