Македонија
Предизборна реконструкција на улиците во центарот на Скопје
Утре ќе се асфалтира улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“, а градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, за наредните месеци пред изборите најави реконструкција на повеќе улици низ централното градско подрачје во Скопје.
Утре ќе се асфалтира улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“, а градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, за наредните месеци пред изборите најави реконструкција на повеќе улици низ централното градско подрачје во Скопје.
Улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ утре и во недела ќе се асфалтира и ќе биде затворена за сообраќај. Трајановски апелираше до граѓаните да се воздржат од сообраќај викендов, кога се очекува да има метеж во сообраќајот.
Освен оваа улица во мај ќе се реконструира и булеварот „Теодосиј Гологанов“ , во јуни „Булеварот Климент Охридски“, а веќе во вторник ќе започне реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ на делот од Тифани до „Рузвелтова“ од булеварот „Даме Груев“ од Партизанска до Палома Бјанка.
За околу 10 до 15 дена Трајановски најави реконструкција и на улицата „Крсте Мисирков“ од Бит Пазар до семафорите кај судска палата.
Денеска кај Музејот на Град Скопје на реконструираната улица дојде и премиерот Никола Груевски, но градоначалникот Трајановски вели дека реконструкцијата на улиците не е поврзана со изборите кои ќе се одржат на 5 јуни, со оглед на тоа дека ќе се создаде голем метеж низ Скопје.
„Јас би сакал да не не вовлекувате во предизборната кампања бидејќи сепак ова се локални работи на локалната самоуправа. Тендерите ни завршија сега и ние не можеме да чекаме до летниот период. Во лето имаме лошо искуство со реконструирањето бидејќи е подобро да биде во овој период. Овие средства се буџетирани во Град Скопје, планирани во планот за јавни набавки, тендерите се правени уште во месец јануари кога никој не помислуваше на избори и мислам дека овие реконструкции се според постапките кои што ги видеше Градот Скопје. Ова се природни постапки и не се во функција на парламентарните избори и воопшто не би сакала да ги врзувате“ рече Трајановски.
Реконструкцијата на „Мито Хаџивасилев Јасмин“ чинела 18 милиони денари, а за сите улици се очекува да бидат потрошени 280 милиони денари./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.