Македонија
Нелегалните играчки во Македонија се ризични по здравјето на децата
Според истражувањето на тимот новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина во Македонија постојат голем број нелегални играчки кои се ризични по здравјето на децата.
Според истражувањето на тимот новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина во Македонија постојат голем број нелегални играчки кои се ризични по здравјето на децата. Тиe играчки претставуваат опасен хемиски ризик, ризик од труење како и гушење, алергии, оштетување на слухoт, бидејќи во нивната содржина имаат прекумерна количина на олово и хром на црвена боја, содржат фталат кој е квалификуван како втора категорија отровност за репроматеријали.„Има голем број нелегално пристигнати играчки на пазарот во Македонија. Тоа се 70 отсто од вкупниот број играчки во Македонија што значи дека само 30 проценти ја поминуваат регуларната процедура“ изјави координаторот и автор на проектот за состојбата на играчките во Македонија, Наташа Доковска.Таа додаде дека проблемот е што Македонија е една од ретките земји која не произведува играчки и мора да ги увезува. Постојат само десет фирми кои се регистрирани за увоз на играчки кои ги исполнуваат европските стандарди за нивна безбедност. Доковска наведе дека некои производи кои се забранети за дистрибуција за земјите членки на Европската унија, истите тие производи може да се најдат во секоја продавница во Македонија.И видео игрите спаѓаат во забранети производи, поради насилната содржина. Спроведена е и анкета на повеќе од 500 родители која покажа дека децата од 6 години поминуваат 105 минути пред компјутер во еден ден, а во текот на викенд се зголемува за 50 минути. Поради тоа, денеска беше промовирана брошура „Играчките во Македонија“,со цел граѓаните да се информираат за тоа како да ги заштитат децата./крај/макфакс/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.