Македонија
Македонија на 102 место по слобода на медиумите
Македонија се наоѓа на 102 место според слободата на медиумите пишува во Глобалниот извештај за технологија 2010-2011 издаден од Светскиот Економски Форум
Со оценка од 4.14 од 138 земји во светот, пред Македонија се наоѓаат Словенија (4,77), Црна Гора со оцена од 4,75, Босна и Херцеговина (4,39), Хрватска (4,32), Србија (4,26) и Бугарија (4,20).Послободни медиуми од Македонија имаат и Мавританија (4.14), Танзанија која има оценка од 4.26, Нигерија (4.27), Кенија (4.36), Камерун (4,66) како и Уганда со (4,74).Извештајот ја анализира слободата на медиумите во периодот од 2009-тата и 2010-тата година и се мери со оценките од 1 што значи комплетно рестриктирани медиуми до оценката 7 за целосно слободен печат.Најслободни се медиумите во Данска, втора на листата е Шведска, потоа доаѓаат Норвешка, Холандија, Нов Зеланд, Финска, Швајцарија, Германија, Канада и Белгија.Најлошо според овој извештај стои Зимбабве каде слободата на медиумите добила најниска оцена од 2,43. На дното на табелата се и Либија, Иран, Турција, Сирија, Венецуела, Мадагаскар, Боливија а не стои добро ниту Русија која добила оценка од 3,47.Глобалниот извештај за технологија 2010-2011 издаден од Светскиот Економски Форум го потврдува лидерството на нордиските земји и земјите со брз економски развој од Азија во усвојувањето и имплементирањето на информациско комуникациските технологии.Шведска и Сингапур продолжуваат да водат на табелата на Глобалниот извештај за технологија, додека Финска е на трето место, а Швајцарија и САД се стабилни на четвртото и петтото место. Десетиот по ред извештај се фокусира на моќта на информациско комуникациските технологии да го променат општеството во следната декада преку модернизација и иновација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, максимални температури до 18 степени
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 17 степени.
За време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Таравари од централниот митинг во Струга: Зголемување на минималната плата до 800 евра за борба против имиграцијата
Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја изрази својата заложба за борба против имиграцијата преку зголемување на минималната плата во нашата земја. Во рамките на идната влада се планира зголемување на платите и до 800 евра, со што ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за развојот на државата.
Преку грантови за технологија и иновации, Таравари рече дека владата има за цел да ги поддржи нивните креативни идеи, фокусирајќи се на развојот на земјата како атрактивна алтернатива за младите.
„Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Така како следна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра. Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите мажи и жени со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град“, рече Арбен Таравари на централниот митинг во Струга.
Македонија
(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија
„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека нема да ги заборавиме државните и нациолнални интереси, кои тие не само што ги заборавија, туку и ги погазија! Молам за доверба!“, рече Горданa Силјановска -Давкова, кандидат за претседател на Македонија.
„Верувајте ми, има моменти во историјата! А таков е овој, кога мора да сме заедно! Кога како никогаш досега, потребна ни е вашата поддршка! Без вас не може да направиме единство! Без вас Македонија не може да биде ниту твоја, ниту горда! Без вас не може да дојдеме до победа! Вие го имате првиот и последниот збор! Ви веруваме!
Денес е Денот на светското културно наследство. Охрид е незаменлив и ценет, драгоцен дел од него. Охрид е споменик и дом на европското христијанство! Да го чуваме! Не заборавајте: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана!
Час поскоро, активирајте го универизтетот на Плаошник! Оваа власт не знае што е култура, за неа културата е бизнис. Ако започна изградбата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, мора да доврши.
Во насока на јакнење на културниот туризам ќе покренам организирање на меѓународен форум – Плаошник форум, на кој ќе се дискутира соработката на цивилизациите, религиите и културите. Сето ова во соработка со УНЕСКО и Министерството за култура! Упатувам порака дека: Плаошник може да биде центар на дијалог на цивилизациите! Дијалог на религиите! Центар на културен дијалог! Затоа сум горда на него!“, додаде Горданa Силјановска -Давкова.