Македонија
ЗНМ реагира на Правилникот на Советот за радиодифузија
Здружение на новинарите на Македонија реагира на Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во период пред започнување на изборната кампања предложен од Советот за радидифузија
Како што стои во реакцијата на ЗНМ, со споменатиот Правилник за однесување на радиодифузерите пред изборната камапња, се прави обид да се влијае на начинот на кој навинарите ги подготвуваат нивните прилози и кои соговорници можат да учествуваат во дебатни емисии за изборите.„За ЗНМ се неприфатливи членовите 13 и 15 на Правилникот, кои треба да претрпат суштински измени. Затоа бараме од Советот за радидифузија да отпадне ставот два од членот 13, кој на новинарите им забранува да користат тонски парчиња кога известуваат за редовните активности на јавните функционери. Сметаме дека ставот еден од истиот член јасно пропишува дека известувањето за активностите на јавните функционери пред започнување на изборната кампања не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување и тоа според нас е доволно“, се вели во писмената реакција на новинарскиот еснаф.Од ЗНМ, исто така, зебелжуваат дека и со ставот два на членот 13, Советот недозволиво навлегува во начинот на работењето на новинарите и на начинот како тие ги изготвуваат прилозите, што за Здружението е апсолутно неприфатливо. „Освен тоа прилозите на електронските медиуми без тонски парчиња се незамисливи“, се додава во реакцијата. ЗНМ бара и да се реформулира членот 15 од Правилникот, со кој во посебни информативни емисии на темата за избори смеат да учествуваат независни експерти, но не и претставници на политичките партии. Ние сметаме дека медиумите во овие информативни емисии можат да ја третираат темата за изборите без да се ограничи изборот на соговорници. Доволно ќе биде да стои опомена дека тие емисии не смеат да бидат во функција на избрно медиумско претставување на ниту еден политички субјект.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари
Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.
„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите”, истакна Спасовски.
Македонија
Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада
Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор бидејќи се прекршил Законот за техничката влада, соопшти заменик-министерката за финансии, Елена Петрова.
Како што вели, иако одлуките морало да бидат одобрени со нејзин потпис, како што предвидува Законот за техничката влада, министерот Бесими ги потпишал сам.
„Незаконити се одлуките на министерот за финансии и државниот секретар во Министерството за финансии по спроведените постапки за вработување и унапредување во Министерството за финансии, како и одлуките на министерот за финансии за давање согласности за вработување во јавниот сектор, сите донесени по формирањето на преодната Влада за организирање на изборите. Ова е потврдено со судски одлуки. Вишиот управен суд донесе две пресуди во моја корист, со кои ги поништи како незаконити одлуките на ДИК, кои беа донесени врз основа на барање на Министерството за финансии“, рече Петрова и додаде:
„Со поништувањето на одлуките на ДИК сите наведени акти поврзани со вработување во Министерството, кои не се потпишани со врзан потпис на министерот за финансии и на дополнителниот заменик-министер, не произведуваат правно дејство. Тоа се однесува и на издадените согласности за вработувања по сите основи во целиот јавен сектор, како и почнатите постапки врз основа на тие согласности“.
Македонија
Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд
Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд.
Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото, знамето на Исланд.
„Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност“, напишаа од македонската Армија.