Македонија
Половина Македонија нема пари за лекување
Половина од граѓаните во Македонија не можат да ги платат услугите во здравството, покажа анкетата спроведена од страна на Коалицијата на здруженија на пациентите, направена врз 765 испитаници.
Половина од граѓаните во Македонија не можат да ги платат услугите во здравството, покажа анкетата спроведена од страна на Коалицијата на здруженија на пациентите, направена врз 765 испитаници.Податоците кои ги објави Коалицијата денеска на Европскиот ден за правата на пациентите, велат дека дури 88 отсто од пациентите со хронични заболувања ги покриваат трошоците за приватни здравствени услуги од заштедени средства, 56 отсто рекле дека продаваат имот, 28 отсто се позајмуваат, а дури 38 отсто земаат кредит за да ги подмират трошоците за соодветен третман.„Крајно време е да дојде до осовременување на позитивната листа на лекови на којашто во овој момент недостасуваат многу современи лекови коишто би значеле поефикасен третман, со помалку не сакани ефекти, а и внесување на нови лекови кои се од животно значење“, рече Весна Велиќ Стефановска од Коалицијата.Оттаму побараа и обезбедување на неопходните лекови на пациентите со леукемија и мултиплекс склероза.Покрај тоа, од Коалицијата бараат активно вклучување на здруженијата во дефинирањето на пакетот на здравствени услуги и на Законот за здравствено осигурување, присуство на претставници на здруженијата на состаноците на Управниот одбор на Фондот за здравство.Пепо Леви, претседателот на Здружението за помош во лекување на заболени од хронична милоична леукемија (ХМЛ) рече дека Македонија е единствена земја каде болните од оваа тешка болест не се лекуваат со современа метода.Леви рече дека од кабинетот на премиерот им било кажано да бидат трпеливи и добиле ветување дека ќе се реши проблемот, со што лекот „Гливек“ конечно ќе биде ставен на позитивна листа.Коалицијата на здруженија на пациенти е составена од 17 здруженија. /крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите
Собранието со 78 гласови „за“ го донесе Предлог законот за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите.
Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во казнено-поправните установи, создавање посигурна безбедносна средина како во затворите, така и генерална и општата безбедност во државата, пред се преку воспоставување на законска основа и формирање на единици за затворско разузнавање и единици за интервенции, воспоставување на систем за видео надзор и користење боди камери во установите, намалување на корупцијата во казнено-поправните установи, решавање на проблемот со пренатрупаноста и регулирање и унапредување на права од работен однос на сите категории вработени лица во КПУ и ВПУ, извести Министерството за правда.
Покрај, зголемување на безбедноста на установите, унапредување на правата на осудените лица и децата со овој Предлог на закон се оди кон подобрување на статусот и на вработените во пенитенцијарниот систем. Постојат повеќе причини за донесување Предлогот на закон за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите, како на приме,р менување во голем дел на кривичното законодавство во земјава, со тоа и Предлогот на закон за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите како важна алка во кривичното законодавство и кривичноправниот систем во целина, потоа менување на затвореничката структура во Македонија, а во голем дел појавата на се поголем број на радикализирани осудени лица, потребата од заострување на начинот на кој што осудените лица по доставување на упатните акти имаа можност за менување на адресата на живеење и со тоа таканаречено избирање на казнено-поправна установа во која би ја издржувале казната и условите во истата, се додава во соопштението на Министерството за правда.
Македонија
(Видео) Стоилковски: Доколку Арсовска не е против нови градинки, училишта, да состави документи, а Советот ќе ги прифати онака како што таа ќе ги достави
Данела Арсовска запре градба на две основни училишта, запре градба на две градинки и сопре градба на едно затворено спортско игралиште, потребно за граѓаните на општините Гази Баба, Кисела вода и Аеродром.
Арсовска запре донесени одлуки на Советот на Град Скопје за ослободување од надоместоци за уредување градежно земјиште за овие проекти, со образложение дека биле, како самата вели, неписмени, истакна на прес-конференција Наум Столковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ја повикуваме Данела Арсовска таа сама да состави вакви документи, а Советот, без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска, само ќе ги усвои.
Доколку Арсовска не е против нови градинки, училишта и затворени спортски објекти и ако не е против скопјани и Скопје, се очекува од неа најбргу таа самата да донесе писмени барања за овие пет проекти за скопјани, а Советот ќе ги прифати онака како што таа ќе ги достави, без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска“, дециден е Стоилковски.
Во спротивно, како што рече, Данела Арсовска само ќе докаже дека е продолжена рака на Миле Зечевиќ и на СДС наспроти вистинските потреби на скопјани за две градинки, две училишта и за спортски објекти.
Македонија
Прва пресуда за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација
Основниот суд во Неготино, како надлежен првостепен кривичен суд, одлучувајќи по обвинителен предлог на Основното јавно обвинителство Кавадарци, а по кривична пријава од „Квир центар“, против лицето С. М. од општина Демир Капија, за сторено кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл. 394-г ст. 1 од Кривичниот законик, на 15 март 2024 година донесе пресуда дека обвинетиот е виновен за делото за кое се товари.
Обвинетиот во јули минатата година на социјалната мрежа „Фејсбук“ под споделена медиумска содржина има напишано два коментара со вознемирувачки говор на омраза кон ЛГБТИ+ заедницата, во кои се повикува на насилство кон оваа маргинализирана група. Со тоа обвинетиот сторил кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл. 394-г ст. 1 од Кривичниот законик, па судот му изрече алтернативна мерка – условна осуда, казна затвор во траење од една година. Утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од една година по правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело.
Ова е прва осудителна пресуда во судската пракса на Македонија, со која се санкционира говор на омраза врз основа на сексуална ориентација, иако уште од февруари 2014 година со измените и дополнувањата на Кривичниот законик говорот на омраза е класифициран како кривично дело, па оттаму се забранува и казнува говор на омраза и ширење материјали преку интернет, кои промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз која било дискриминаторска основа. Според чл. 394-г ст. 1 од КЗ, за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем предвидена е казна затвор од една до пет години за секој што ќе предизвика или ќе разгори омраза, раздор или нетрпеливост, врз некоја дискриминаторска основа, вклучително врз основа на припадност на маргинализирана група.
Скопскиот „Квир центар“ ја поздравува одлуката на судот, кој демонстрира дека ги сфаќа сериозно поттикнувањето насилство и креирањето загрозувачка средина за ЛГБТИ+ луѓето. Говорот на омраза поттикнува сторување дела од омраза, па „Квир центар“ смета дека оваа осудителна пресуда е значајна победа во нашите напори да креираме безбедно опкружување за сите граѓани, без разлика на тоа поради кој основ или нивна различност ќе бидат цел на говор на омраза или дела од омраза.