Македонија
Милошоски: За избори секогаш има шпекулации за македонско-грчкиот спор
Шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски ги оцени како шпекулации информациите дека имало договор за името кој би требало да се објави по изборите.
Шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски ги оцени како шпекулации информациите дека имало договор за името кој би требало да се објави по изборите.„Тоа се шпекулации, од избори, пред избори, до следните избори, секогаш има одредени рокови и шпекулации за било што поврзано со македонско – грчкиот спор. Она што ние имаме да го кажеме е сосема транспарентно и познато на јавноста. Процесот тече преку ОН со посредништво на Нимиц. Македонија како и досега, и понатаму ќе биде активно и добронамерно вклучена во овој процес и сметаме дека македонско-грчкиот дијалог е најдобриот начин за зголемување на довербата сè со цел да стигнеме до моментот кога заеднички би го надминале овој прилично ирационален и долготраен спор“ вели Милошоски.Во врска со спорот, тој уште еднаш повтори дека вината за тоа што досега нема решение на спорот не треба да се бара во Македонија, која според него, направила повеќе отстапки за да го задоволи “ирационалниот порив на Грција“.„Немањето на решение фактички е само една кратка дефиниција на немањето на прагматизам, чувство за реалност во нашиот регион од страна на одредени политичари во Грција, која што за жал ескалираше и кулминираше до таа мерка за сега да претставува голем товар за било кој грчки политичар, било која грчка влада да може да се врати на мерката на ирационалност на спорот“ вели Милошоски. За оценката на европратеникот Јелко Кацин дека Македонија назадува со реформите, Милошоски рече дека напредокот на Македонија е мерлив според извештаите на ЕК и вели дека секоја година Македонија остварува подобри резултати.Некористењето на придавката „македонски“ во европските институции Милошоски ја објаснува како агресивна кампања на јужниот сосед внатре во рамките на институциите по самитот на НАТО.„Менување на одредени водичи и правилници за употреба на кодовите и придавките кои што се однесуваат на Македонија, сметаме дека тоа е еден сизифовски труд и напор кој што на крајот сепак нема да се исплати бидејќи Македонија, нашиот културен идентитет, нашиот национален идентитет е поврзан и со уставното име и со придавката за нашиот јазик и припадноста на македонскиот народ е нешто што е трајно врежано и ќе биде сè повидливо на европската и светската меѓународна сцена“ вели Милошоски.Во врска со проблемот на новинарите со бугарските власти, Милошоски вели дека ЗНМ овој случај документирано да го достави до МНР, во секторот кој се занимава со односите во непосредното соседство.„За ваквиот настан, кој што според мене доколку е точно она што беше пренесено, значи попречување на слободата на медиумите во извршувањето на нивната работа“ рече Милошоски.За гласањето на дијаспората Милошоски очекува одредени потешкотии бидејќи ваква акција се спроведува за првпат./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.