Македонија
Вeлигденски празнувања во Австралија
Богатата македонска култура, традиција и обичаи се пренесуваат од колено на колено без разлика каде се наоѓаат Македонците распрснати низ светот. Каде и да сме, иселени во туѓи земји далеку од своите огништа, празнувањата на нашите религиозни и национални празници, заземаат посебно место
Не постои ништо кое би ја намалило нивната значајност и потребата од достоинствено одбележување. Тоа е и еден начин на афирмирање на нашата вера, нашата богата култура, традиција и обичаи . Па така и Велигден. Време на нескриена возбуда и радост , време кога Македонците од православна вероисповед се припремаат за прославување на Христовото Воскресение. За овој голем празник кој оваа година повторно се совпаѓа со католичкиот, Македонската заедница во Австралија, на најдостоинствен начи се подготвува за негово чествување. Македонските медиуми на свој посветуваат голем дел од својот простор на велигденските празнувања па и можност преку нив да се пренесат велигденските пораки и честитки. Македонските православни цркви се масовно посетени , што предизвикува голем интерес во австралиската јавност. Токму таму на Велигден се разгласува најрадосната вест за воскресението Христово. И самото тоа укажува дека нашата вера е создавана, темелена врз радоста од христовото воскреснување. Христовото воскреснување е светлина на светот и патоказ за животот низ вековите на човечката историја. Воскресението е радост за измачените, утеха за болните, поука за малодушните, сила и цврст темел за благоверните. Ваквите собири во Сабота навечер го привлекуваат вниманието на другите етнички групи во Австралија кои веќе добро ги познаваат нашите обичаи со вапцување на црвени велигденски јајца и кршењето на полноќ.На овој значаен ден сите христијани се присетуваат на христовото жртвување за спас на човештвото. Нема поголема радост и восхит од онаа кога се празнува животот. Воскресението претставува победа против непријателите, пораз и уништување на демоните, простување и разрешување на гревовите, сигурно пристаниште од бурата на искушенијата. На овој ден како што е познато, смртта е победена затоа што ја победи оној кој има живот во себе. Од тој момент, сите ние ја примаме таа вистина и се исполнуваме со особена храброст и духовна сила. Христос ја победи смртта и со тоа ги отвори портите на рајот, портите на светлината во кои влегуваат сите синови и ќерки. Иако во светот се случуваат војни, немири и други несреќи, тоа не треба да не плаши и загрижува. Правдата и вистината се уште се распнуваат на крст, но преку крстот доаѓа радоста за целиот свет. На тој крст беше распнат и мачен нашиот Спасител. Тој се предаде Себеси за живот на светот. Со неговата душа тој слезе во рајот за да ја ослободи човечката природа од пропаѓање. Тоа го стори и се жртвува за нас , за ние да се исполниме со живот и радост како што се исполни Тој, распнат на крстот. Овој празник е суштината на христијанството, потврда на верата во Бога. На Велигден се слави победата на животот над смртта. Св апстол Павле рекол: ‘Ако Христос не воскреснеше, празна ќе беше нашата вера‘.Нека ни се честити и вековити Велигденските празнувања. Нека ни е вечна Македонија и македонското име, засекогаш!Христос воскресе!.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.
Скопје
Осум скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, информира дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
· Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Максим Горки, реон Дом на градежници (општина Центар).
· Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од потрошувачите на ул.Ринхини.(општина Ѓорче Петров)
· Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од с.Визбегово, дел од с.Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.(општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево)
· Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Кавалска.(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на пат за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче.(Аеродром)
· Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 4031, село Марино.(општина Илинден)
· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од бул.Борис Трајковски (од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево).(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Сандево, Бањане, Горњане, Дел од с.Мирковци.(општина Чучер Сандево)
· Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Исаија Мажовски и Воин Драшкоци.(општина Ѓорче Петров)
Македонија
Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг
Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.
„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата, која во следниот период имаме намера дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.
На противкандидатите им честита за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот што е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.
Рече дека се гордее на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.
„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоив повеќе од 80.000 гласа. Регистриравме субјект што постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблира на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади члена, а да освоите над 80.000 гласа. Искрено, се гордеам на секој глас што дојде како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.
Им порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој има 100.000 гласа помалку од Гордана Силјановска-Давкова.
„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстанат централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете нѐ да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.
Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата, без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.