Македонија
По 10 години бранителите добија споменик во Битола
Во дворот на полицијата во Битола денеска со високи почести беше положено свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот кој се случи во тетовското село Вејце во 2001. година.
Во дворот на полицијата во Битола денеска со високи почести беше положено свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот кој се случи во тетовското село Вејце во 2001. година.
На десет годишнината од нивното загинување, официјално беше промовиран и споменикот во нивна чест кај градскиот часовник.
„Битола она што го вети го направи за луѓето кои животите ги дадоа за највисоката цел, односно татковината.“, рече Владимир Талески, градоначалник на Битола.
Најблиските роднини на Марјан Божиновски од Битола, кој е еден од загинатите велат дека тагата е огромна и дека нема никогаш да престане.
Oд здружението на загинатите бранители задоволни и благодарни што бранителите не се заборавени.
„Ние како здружение на загинатите бранители сме должни да ги исполниме обврските кон нив да ги згрижиме нивните семејства и да ги удоволиме нивните права“, вели Владо Стојановски од здружението на загинатите бранители.
На овој тажен ден авторот на делото, Ангел Коруновски рече дека е среќен што имал ваква задача која задира длабоко во чувствата.
„Многу жална тема, многу чувствителна и јас сум среќен што Битола доби ваков споменик кој реално ја отсликува тагата, но и предупредува“, вели авторот Коруновски.
Заедно со постаменот споменикот на бранителите е висок околу седум метри. /крај/тера
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.