Македонија
Почна 12-от Конгрес на СДСМ
Во тек е 12-тиот партиски конгрес на СДСМ на којшто најголемата опозициска партија треба да ги верификува кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори .
Во тек е 12-тиот партиски конгрес на СДСМ на којшто најголемата опозициска партија треба да ги верификува кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори .Претходно пратеничките листите со кандидатите и изборната програма беше утврдена на Централен одбор на партијата. Конгресот се довива без присуството на медиумите зад затворени врати, но според неофицијални и засега непотврдени информации, носител на кандидатската листа во Првата изборна единица е Радмила Шеќеринска, во втората е Ана Павловска Данева, во тројката е градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски, во четворката струмичкиот градоначалник Зоран Заев, во петката Јани Макрадули и во шестата изборна единица Стојко Пауновски. /крај/макфакс/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.