Македонија
Македонците стравуваат од поткуп на гласачите, а Албанците од полнење на кутии
Околу 25 отсто од граѓаните очекуваат делумно фер и демократски избори, додека еден од десет граѓани, 12,8 отсто стравуваат дека ќе има масовни нерегуларности и насилство на изборите.
Мнозинството од граѓаните, 50,8 отсто очекуваат фер и демократски избори, без нерегуларности, покажува истражувањето кое то го спроведоа Македонскиот центар за меѓународна соработка, Институтот за демократија и Македонскиот институт за медиуми за тоа како ќе се одвиваат вонредните парламентарни избори, дали очекуваат нерегуларности и какви нерегуларности се можниОколу 25 отсто од граѓаните очекуваат делумно фер и демократски избори, додека еден од десет граѓани, 12,8 отсто стравуваат дека ќе има масовни нерегуларности и насилство на изборите. Етничките Албанци, 14,4 отсто повеќе стравуваат од масовни нерегуларности и насилство на изборите отколку етничките Македонци, 11,5 отсто. Најмногу страв од изборни нерегуларности има кај граѓаните од изборната единица 2, додека гласачите од четвртата, шестата и третата изборна единица имаат најголеми очекувања дека изборите ќе поминат во најдобар ред. Македонците стравуваат од поткуп на гласачите, додека Албанците мислат дека ќе има полнење на кутии, и тоа во шестата изборна единица. „Граѓаните сметаат дека најчести нерегуларности би можеле да бидат сите наведени форми (25,4 %) и поткупување на гласачите (14 %), а најмалку мислат дека ќе има заплашување на денот на изборите (3,0 %). Етничките Македонци мислат дека би можело да се случи поткуп на гласачи (15,4 %), а етничките Албанци сметаат дека би можело да се случи полнење на кутиите (19,0 %). Полнење кутии би можело да се случи најмногу во ИЕ 6 (18 %), а насилни инциденти во ИЕ 1 (8,7%) и 2 (8,6%)“ покажува истражувањето. Најголем дел од испитаниците или 21,2 проценти сметаат дека нерегуларностите би ги предизвикале сите партии воопшто, 15,3 отсто сметаат дека нерегуларности ќе предизвикаат партиите на власт, а околу 13,7 проценти се сомневаат во чесноста на партиите од опозицијата. „Изборните нерегуларности би биле предизвикани од граѓаните (9,3 %), од локални насилници (7,4 %) и на крајот поради неспособноста на изборните органи (1,1 %). Најчесто како причинители на нерегуларности на изборите ги гледаат партиите воопшто во ИЕ 2 (28,5 %), партиите на власт во ИЕ 6 (20,8 %), партиите во опозиција во ИЕ 5 (18,2 %), локални насилници во ИЕ 1 (10,8 %) и граѓаните во ИЕ 6 (19,7 %)“ се вели во истражувањето.Како најчеста причина за изборните нерегуларности граѓаните ја гледаат незрелоста и недемократичноста на партиите, 29,5 отсто, а најретко партизацијата на изборните органи, 10,9 отсто и етничката припадност, 10,9 отсто. Дека нерегуларности постојат само кај одредени етнички заедници, мислат 14,1 отсто од етничките Македонци и 1,8 отсто од етничките Албанци.Испитувањето на јавното мислење е направено преку телефонска анкета од страна на ИДСЦС од 13 до 15 мај 2011 г. на репрезентативен примерок од 1.107 испитаници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрони на неколку патни правци
ЦУК извести дека преку единствениот број за Итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на патот кај Калиманци, на регионалниот пат Македонска Каменица-Виница, 5 километри пред влезот на Македонска Каменица.
За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го саниррат одронот, додаваат од ЦУК.
Исто така добиена е дојава за одрон на патен правец село Удово-Демир Капија.
„Точната локација е 2-3 километри после село Удово во правец спрема Демир Капија. За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го санираат одронот“, соопшти ЦУК.
Македонија
Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука
Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.
Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, велат од МОН.
Од Министерството потсетуваат дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.
„Потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја“, додаваат од МОН.
Македонија
Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег
Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ беа извадени јајчник, бубрег и матка. Наредбата за супервештачење доаѓа откога судот доби целосно спротивни вештачења од Обвинителството и од одбраната. Вештачењето од Институтот за судска медицина, приложено од Обвинителството, посочи одговорност кај лекарите од струшката болница, а вештачењето нарачано од одбраната, кое го направи вештакот Драге Дабески, заклучи дека лекарите ѝ го спасиле животот на родилката.
„Со супервештачењето верувам дека, конечно,. вистината ќе излезе на виделина и правдата ќе биде задоволена. Вештакот на одбраната не најде лекарска грешка, ме убедува дека со вадење три органи по породувањето со царски рез, ми го спасиле животот иако вештачењето од Судска медицина покажа дека лекарите имаат вина. Јас здравјето не можам да си го вратам, органите ми се извадени и функционирам како половина човек, но очекувам супервештачењето на лекарите да им покаже дека има лекарска грешка и на пациентите да им порачам дека не треба да молчат, треба да се охрабрат и да се борат за вистината“, вели Вепоска за „Макфакс“.
Се пожали дека секое судење дополнително ја исцрпува, а извадените органи ја ограничуваат во мајчинството, во работата и во секојдневниот живот.
„Здравјето целосно ми е нарушено. Освен физички, имам и психички проблеми, се лекувам и од тоа. Особено тешко ги поднесувам судењата, ми треба време да закрепнам од нив. Работам со скратено работно време оти немам сила за осумчасовна работа. Како мајка не можам да им се посветам на децата онака како што треба оти постојано имам здравствени проблеми, еве сега тукушто ја испив терапијата“, рече Веапоска по денешното судење.
Судијата Јодран Јованов, кој го побара супервештачењето, е трет судија што го добива нејзиниот случај откога претхдните двајца се пензионираа. Следното рочиште е закажано за 3 јуни кога Вепоска очекува да биде готово и супервештачењето.
За извадените органи по породувањето со царски рез на Веапоска, обвинети за несовесно лекување се гинекологот Мухамед Асани, кој во 2020, кога беше направено породувањето, беше директор на болницата, син му Блертон Асани и докторката Лилјана Јовановска.