Македонија
СДСМ: На шефовите на ВМРО-ДПМНЕ одамна им се спакувани куферите за Прага
СДСМ денеска објавија документација за која тврдат дека ги поткрепуваат сомневањата за одредени имотно-правни трансакции во Чешка, со кои се поврзуваат првиот братучед и мајката на премиерот Никола Груевски.
СДСМ денеска објавија документација за која тврдат дека ги поткрепуваат сомневањата за одредени имотно-правни трансакции во Чешка, со кои се поврзуваат првиот братучед и мајката на премиерот Никола Груевски.
Портпаролот на Изборниот штаб на СДСМ, Гордан Георгиев покажа 16 фактури од аеродромот “Александар Велики“, сите адресирани до Министерството за внатрешни работи, за надомест на услуги за користење на ВИП салонот на скопскиот аеродром, во периодот од 10 февруари 2008 до 11 декември 2009 година.
„На сите до една фигурира името на директорот на тајната полиција Сашо Мијалков кој во овој временски период редовно патувал на една иста дестинација Скопје- Прага, Република Чешка. За неполни две години, Сашо Мијалков во Прага бил 16 пати и тоа во различно друштво“, истакна Георгиев.
Георгиев рече дека Мијалков патувал со директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски, мајката на премиерот Надежда Груевска, со телохранителот на Груевски, Ален Зекиров.
„Шефот на тајната полиција, на 02 и 11 декември 2009 година, патува два пати во Прага, период кој точно се поклопува со продажбата на фирмата “Сервис Поинт“, со седиште токму во Прага, која Сашо Мијалков ја продал за 500 илјади евра, а трансакцијата не ја пријавил во Антикорупциската комисија“, рече Георгиев.
Тој прашува врз основа на кој закон и морални правила мајката на премиерот може на државна сметка да го користи и со народни пари да го плаќа користењето на ВИП салонот на скопскиот аеродром?
„Што бара Сашо Мијалков во Прага толку често? Дали патува службено или за фамилијарните, приватни и бизнис потреби во Чешка ги злоупотребува народните пари и буџетот на МВР? “, праша Георгиев.
Тој упати прашање и до Антикорупциската комисија дали ќе отвори предмет за случајот.
„На крајот, ја користиме оваа прилика да упатиме една јасна порака до сите чесни членови на ДПМНЕ: После ова треба да ви стане повеќе од јасно дека на вашите шефови веќе одамна им се спакувани куферите за Прага, а вас бесрамно ве лажат дека ќе ги добијат изборите“, посочи Георгиев./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи“, се наведува во извештајот на Стејт департментот
Министерот за правда ги затвори бугарските културни клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на законот од 2022 година, со кој се бара од организациите именувани по поддржувачи или соработници на фашизмот да ги променат своите имиња, се наведува во извештајот на Стејт департментот.
„Во февруари, по препорака на Комисијата за антидискриминација, обвинителството во Битола отвори прелиминарна истрага за клубот „Иван (Ванчо) Михајлов“ поради говор на омраза. Претседателот на клубот беше обвинет за поттикнување етничка и расна омраза и нетолеранција и ширење расизам и ксенофобија. Две лица се обвинети за нанесување тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, кој се саморегистрирал како Бугарин, по национална и етничка основа на омраза“, се вели во извештајот.
Во однос на слобода на здружување во Бугарија, во извештајот се наведува дека Законот предвидува право на слобода на здружување и владата генерално го почитувала.
„Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија-жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 година и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите.
Во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден-Пловдив со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското етничко малцинство, биле насочени кон поделба на нацијата и ќе создадат услови за етнички конфликт. Во мај, Апелацискиот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд“, нотира извештајот.
Македонија
Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ-и заедницата и поткопана слобода на изразување, забележа Стејт департментот во извештајот за човекови права во Македонија
Сериозна владина корупција, сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, насилство и закани за насилство насочени кон ЛГБТ-и заедницата се само дел од забелешките во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Северна Македонија во 2023 година.
Извештајот меѓудругото нотира значителни „одложувања во судењата кои вклучуваат сериозна корупција, при што само неколку беа завршени до септември, вклучително и оние против поранешни владини функционери. Уставот предвидува независно судство, но владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност, вели извештајот.
„Веродостојните извештаи за неоправдано судско несоодветно однесување, непотребен политички и деловен притисок врз судиите, непотизам, клиентелизам, долготрајна правда, несоодветно финансирање, отпор кон користење на законски задолжителна технологија и недоволен кадар, ја попречија судската ефикасност и влијаеше на довербата на јавноста во владеењето на правото“.
Анкетите покажале силна недоверба на јавноста кон судството.
„Унапредување под политичко влијание без заслуга или транспарентност се случи во судството и обвинителството. Во јануари, Судскиот совет утврди дека двајца судии на Апелациониот суд во Скопје свесно ги одложиле одлуките за да ги истуркаат обвинетите да го поминат рокот на застареност. На 26 април, Судскиот совет го разреши својот претседател, потег што критичарите тврдеа дека укажува на политичко мешање. Двајца членови поднесоа оставки од Судскиот совет како одговор, а неколку истакнати граѓански организации побараа целосна оставка на Советот“.
Слободата на изразување била поткопана од неефикасноста на правосудниот систем, недостатокот на транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции, несоодветното однесување во име на јавните службеници во нивната интеракција со новинарите, притисокот врз новинарите кои истражуваат корупција, дезинформациите, говорот на омраза во онлајн и социјалните медиуми, и самоцензура.
Македонија
Одрони на неколку патни правци
ЦУК извести дека преку единствениот број за Итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на патот кај Калиманци, на регионалниот пат Македонска Каменица-Виница, 5 километри пред влезот на Македонска Каменица.
За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го саниррат одронот, додаваат од ЦУК.
Исто така добиена е дојава за одрон на патен правец село Удово-Демир Капија.
„Точната локација е 2-3 километри после село Удово во правец спрема Демир Капија. За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го санираат одронот“, соопшти ЦУК.