Македонија
Тројца полицајци боледувале на митинзи, но само на опозициски?
Тројца полицајци го злоупотребиле боледувањето за да учествуваат на митинзи на политички партии.
Тројца полицајци го злоупотребиле боледувањето за да учествуваат на митинзи на политички партии.
Ова го открил Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при проверки на информациите за злоупотреба на боледувањата. За сите тројца е покрената постапка за утврдување на одговорноста до надлежната Комисија за отказ.
Полицајците кои го злоупотребиле боледувањето, присуствувале на митинзи на опозициски партии, Секторот не открил злоупотреба за присуство на митинзите на владејачката партија.
Во првиот случај, полицаец вработен во Полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти од Свети Николе од 12 април непрекинато користел боледување со дијагноза „анксиозно депресивен синдром“ со препорака од лекар редовно да ја користи терапијата и да се одмара во домашни услови.
Но полицаецот, наместо на боледување на 23-ти мај присуствувал на митинг на политичката партија „Обединети за Македонија“ во Свети Николе.
Во вториот случај, полицаец од кочанското село Чифлик користел боледување поради „дископатија“ од 9 мај до 20 мај. Додека бил на боледување, на 20 мај присуствувал на митинг на „Обединети за Македонија“ во Кочани.
Во третиот случај, полицаец вработен во полициската станица во Драчево поради дијагностицирана болест на „ахиловата тетива“ бил на боледување од 23 мај, кое се уште траело.
На 30 мај, полицаецот присуствувал на митинг на СДСМ во Кисела Вода. За сите тројца МВР поседува видео запис и фотографии./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Државјанин на Турција приложил фалсификуван пасош на Ќафасан
Денеска, на граничниот премин Ќафасан полициски службеници го привеле Т. С. Т. (48) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.
Известен бил јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
Македонија
Тошковски се сретна со амбасадорот на Турција: врвен приоритет е склучување билатерален договор за соработка во областа на безбедноста
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и заменик-министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција со желби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност на Министерството за внатрешни работи за што се потврдија заложбите за искрена соработка на овие теми.
Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен приоритет е склучувањето на билатералниот договор за соработка во областа на безбедноста, кој е во фаза на заемно усогласување.
Скопје
Едукативен мото-настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото-настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори ќе им бидат презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Преку дружење со претставници и членови од мото-клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење електрични превозни средства“, велат од Општина Кисела Вода.