Контакт

Македонија

Три нови видови мајмуни во скопската зоолошка градина

Објавено пред

Три нови видови мајмуни пристигнаа деновиве во скопската зоолошка градина.

Три нови видови мајмуни пристигнаа деновиве во скопската зоолошка градина.Деветте единки од родот сијаманг, тамарини и пигмејски мармозети веќе се сместени во новите живеалишта, а дел од нив посетителите ќе можат да ги видат веќе од следната недела.„Тамарините и мармозетите спаѓаат во фамилијата Callitrichidae, фамилија на мали мајмуни, слични на верверички, со потекло од јужна Америка. Тоа се најмали мајмуни на светот. Должината на телото им е од 12 до 35 сантиметри со опаш долг од 15 до 45 сантиметри и тежина на телото од 120 до 600 грама. Најмал претставник воопшто е пигмејскиот – џуџест мармозет кој тежи само 130 грама. Сијамангот е најголем гибон, со црна боја на крзното, познат по неговото силно пеење“ – велат од зоолошката градина.Од таму информираат дека бенгалската тигарка Лола која беше донесена од белградската зоолошка градина во 2003 година, неодамна угина .крај/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Поради дефект, без вода ќе останат дел од корисниците во Аеродром

Објавено пред

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник ф-150 мм на ул. Горно Лисиче бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците: Ѓорѓи Андреевиќ Кун и 12-та Македонска ударна бригада (Општина Аеродром).

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови на Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Аеродром

Објавено пред

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа,без електрична енергија ќе останат делови на Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Аеродром.

Од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе биде селото Орман (Општина Ѓорче Петров), од 08:30 до 14:00 часот, улици 14 и 16 во селото Сопиште (Општина Сопиште), од 09:00 до 14:00 часот, ул. Генерал Михајло Апостолски од бр. 1 до бр. 50 и бул. Партизански Одреди од бр. 51 до бр. 81 (Општина Карпош) и од 10:30 до 12:00 часот, објектите на патот од с. Горно Лисиче кон с. Долно Лисиче (Општина Аеродром).

Прикажи повеќе...

Македонија

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Објавено пред

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска.

Како што информира претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, било утврдено дека треба да гласаат 759 лица.

„Разликата што се јавува во бројките што ги соопштивме претходно е од причина што одлучувавме и прифативме одредени приговори од граѓани“, појасни Дерковски.

Додаде дека гласачките места во следните денови ќе бидат безбедни и ги повика сите граѓани да излезат и да го остварат нивното гласачко право.

Од ДИК образложија дека ливчињата од гласањето денеска и утре остануваат запечатени во пликоата што се наоѓаат во гласачките кутии. Велат дека не постои начин да се отворат овие ливчиња и да се провери кој за кого гласал до завршувањето на изборниот процес.

Утре гласаат болните и немоќните, како и лицата во казнено-поправните установи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа10 минути

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион31 минута

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател Хашим Тачи по шест часовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе...

Македонија12 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија13 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија13 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија16 часа

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ16 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија17 часа

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија18 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет21 час

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа21 час

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ22 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ22 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија22 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион23 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион23 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет24 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет1 ден

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион1 ден

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Досие